9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Победа повторно ремизираше

Во натпревар од 6-тото коло на Втората лига-Исток, попладнево, на стадионот на Могилата на непобедени, фудбалерите на Победа одиграа 1-1 со тимот на Осогово од Кочани. Ова е второ домашно реми на Победа. По ремито со Плачковица во 4-тото коло, ова е втор домашен нерешен резултат на црвено-белите. Со ова реми се Победа загуби 4 бодови на свој терен против екипи директни конкуренти, а со кои бодови екипата ќе беше во врвот на табелата.

Стрелци на головите: Ангелески во 13 та мин. за Победа, и Велинов во 23 тата мин. за Осогово.

Победа настапи со : Котевски, С. Спиркоски(од 46 мин Бошески), Белески, Петкоски, Колевски (од 57 мин Стомнароски), Дебрешлиоски (од 81 мин Илијоски-Кисески), Ангелески, Јошески(од 46 мин Митрески), Алимоски (од 81 мин Ф. Спиркоски) и Димоски.

Во следното 7-мо коло во сабота на 10-ти октомври Победа гостува во Кавадарци со Тиквеш.

Би можело да ве интересира

Деспина почна без Гичева и Боризоска

Гордана Цветаноска

Победа ја продолжува агонијата – поразена од Башкими со 0-1 на свој терен

Елизабета Филипоска

Утре, недела, атлетски трки во центарот на Прилеп „Че трчаме“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе