23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Дневен корона биланс: Од 191 нови случаи, 13 се во Прилеп

Во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, денеска недела 4 ти октомври, регистрирани се 191 нови случаи на Ковид-19, од кои 13 се во општина Прилеп, информира Министерството за здравство. Најголем број се во Скопје – 96, Кочани и Тетово по 15.

Во Прилеп досега се регистрирани вкупно 722 позитивни на корона вирус, од кои активни се 147.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, по состанокот со Комисијата за заразни болести најави дека до владата ќе предложат повеќе нови мерки, најголем дел од нив поврзани со работата на угостителските објекти, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Прво, да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Потсетуваме, дека дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 12 во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд. Се намалува дозволената гласност на музиката и се ограничува до 55 децибели согласно нашиот правилник на Министерството за здравство, со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место. Препорачуваме и да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4“, потенцираше министерот.

Најголем раст има во возрасната група од 20 до 30 години, и од 30 до 40, нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години.

Новите препораки следуваат откако претходните два дена се регистрираа преку 200 новозаболени дневно. Во моментов бројот на активни случаи на заболени со коронавирусот е 2.693 лица.

Би можело да ве интересира

Прилепската болница отвора нови Ковид одделенија и ги повлекува специјализантите

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Имаме јасен план за стабилизација на ФК Победа!

Пела Редакција

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе