11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Престава на „Чин 4 Сцена 5“

„Да не е галеб?“  е новата престава на независниот театар „Чин 4 Сцена 5“, која премиерно ќе биде прикажана утре, вторник,  на камерната сцената од ЦК „Марко Цепенков“. Тоа ќе биде првата театарска престава која ќе ја видат прилепчани на театарска сцена, во затворен простор, по прекинот на работа на театрите за време на пандемијата.

“Претставата е двочинка и ќе трае два часа и половина. Почитувајќи ги протоколите за заштита , неа ќе можат да ја следат најмногу 33 гледачи, кои и за врема на паузата ќе мора да ја почитуваат дистанцата и да носат заштина маска. Во оваа престава публиката може да очекува еден поинаков поглед на светот и треба да се виде самата себе. Преставата е адаптација на „Галеб“ на А. П. Чехов и „Глупа заебана птица“ на Арон Поснер. Преставува  „разговор“ со самиот Чехов,  еден вид на писмо кон него, за тоа како неговиот „Галеб“ лета и во 21. век, поставувајќи прашања за љубовта, за животот, за театарот, а во исто време се „сере“ на сè што е под него, и нема никакви грижи за светот.“- истакна режисерот на преставата, Саша Нацевски.

Актерот Илија Волческа вели дека ова е добра можност повторно да се вратат актерите  на сцена.

„Иако немав можност на почеткот ниту да го дочитам монологот, а камоли да го изглумам,  мотивацијата никако не изумре. Мотивот стана поголем и го разбуди позитивниот гнев, за да бидеме уште подобри на сцена, после сета принудна пауза на театарот со пандемијата .

Актерот ,Димитар Ѓорѓиевски потенцира дека театар и покрај пандмијата не е во криза. Тој може да опстои во секое време. Опсојувал во разни кризи, кога имало чума, панадмија, војни, кога бил забранувам во средниот век…„но оваа „пауза“ постана добедојдена за повторно калење„- рече тој.  

Во претставата „Да не е галеб?“   играат актерите : Илија Волчески, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, младите прилепчани Наталија Ристеска и Дарко Карбески, како и гостинката од Пробиштип, Стефанија Митовска.

 Музиката е на Томе Темелкоски, звучниот дизајн е на Кире Најдоски, додека режисер е Саша Нацевски.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела од „Мал Битолски Монмартр“

Пела Редакција

Следниов викенд „Денови на Македонска фотографија 2019“ во Прилеп

Елизабета Филипоска

Изложбата „Јас и моите пријатели“ пред прилепчани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе