25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Ќе се одржи изложба на дела од прилепскиот уметник Илија Миноски- Мината

Во ликовната галерија во Прилеп, од 20 до 31 декември ќе биде отворена изложбата на големиот акварелист Илија Миноски . На изложбата посетителите ќа имаат можност да видат 40 дела – дел од нив досега воопшто досега не се презентирани во јавноста.

Делата на Илија Миноски (1936 – 2020), се сметаа за едни од највредните уметнички дела,кои зраќат со уникатност и позитивност.Илија Миноски -Мината е еден од  најплодните акварелисти во земјата. Добитник е на многу награди и признанија и учествувал на изложби во земјата и странство.

Во 2013 година ја доби најпрестижната награда на Општина Прилеп “Награда за животно дело 3-ти Ноември„  што ја доделува градот по повод ослободувањето на Прилеп. Поргласен е за најдобра акверелист во неколку држави. Неговите дела имаа непроценлива вредност во современата македонска уметност.

Би можело да ве интересира

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ДРЕН 2023“

Концертот на КУД „Бисер“

Денови на Крали Марко во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе