5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Од кого добиваат закани вработените во Автобуската станица Прилеп ?

Полицијата утринава, направи увид на двата оштетени автомобили во сопственост на директорот и на шефот на Автобуската станица Прилеп. Според изјавите на двајцата вработени, возилата ноќеска биле попрскани со хемиска течност, додека биле паркирани во нивните дворови. Тие, се сомневаат дека станува збор за закани упатени до нив од „дивите“ таксисти.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 120848197_281921049450388_8143827950654590331_n-1024x768.jpg

– Ова е втор случај, првиот беше пред извесно време. Сакаат ние да се тргнеме, не е во ред, ова е двојна закана. Полицијата треба да си ги преземе работите во свои раце. Ние си ја вршиме работата легално, додека тие (дивите таксисти) ни ги земаат патниците, нелегално, вели Пеце Размоски, шеф во Автобуската станица.  

Имено, луѓето кои што работат во Автобуската станица и кои се задолжени за редот и почитување на правилата, велат дека во неколку наврати, имале вербални и друг вид на закани од т.н диви таксисти кои редовно се присутни пред влезот на автобуската станица.

Сопственикот на Автобуската Борче Чупетрески вели дека ова не е прв пат, за што е запозната и полицијата, но дека конечно надлежните треба да му стават крај на  овој нелегален начин на работење, за што тие како компанија, легалните таксисти, како и државата трпи штети, а граѓаните користејќи ги нивните услуги ги ставаат во ризик здравјето и животот.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 120855488_625355591493053_5836921600280608609_n-1024x768.jpg

– Ова е втор случај од познати сторители, кои што се закануваат на ваков или сличен начин дека ќе предизвикаат уште поголема материјална штета доколку ние не се откажеме од нивното гонење, или пак од законското работење. Ја повикуваме полицијата да си преземе мерки. Ова се директните штети, но нелегалното работење на дивите таксисти предизвикува загуби во буџетот, зашто тие не плаќаат даноци, придонеси, ДДВ, и останатите обврски кон државата . Станува збор за груба пресметка од наши колеги од автобуските станици од Битола и Охрид, дека на ниво на држава годишно, штетата предизвикана од дивите таксисти изнесува 50 милиони евра, вели Чупетрески, апелирајќи државата да преземе мерки за санкционирање на сторителите, и да стави ред во работата на патничкиот сообраќај.

Чупетрески ги повика и патниците да внимаваат со кого се возат, бидејќи се работи за здравје и за живот, а доколку, граѓаните, сакајќи да ги намалат трошоците ги користат услугите на „дивите таксисти“ одговорноста паѓа исклучиво на самите патници.

Инаку, полицијата е главниот фактор во решавањето на проблемот со работата на црно во такси сообраќајот, а Министерството за транспорт и врски има можност да врши контроли со кои се утврдува дали станува збор за приватно патување (семејство или компанија) или пак за нелегален патнички транспорт.

Би можело да ве интересира

Пратениците гласаа ЗА Законот за здравствено осигурување за платено породилно отсуство за земјоделки

Советот на Општина Прилеп в сабота ќе одлучува за доделување на хуманитарна помош за Турција

Гордана Цветаноска

Да не се „летаат„ дронови кај пожарите – Состојбата со пожарите прилепско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе