11.7 C
Прилеп
понеделник, 24 март, 2025
Пела Радио

Коронавирусот затвори градинка со 20 деца

Поради коронавирусот затворена е градинка кај Работничкиот Универзитет со 20 деца, а уште 15 деца од градиката „Аличаир“ се во изолација. Позитивни на корона-вирусот се три негувателки од градинката ,а во изолација се и осум члена на персоналот.

Градинката е дезинфицирана и треба да проработи по дваесетина дена – истакна директорот на прилепските градинки „Наша иднина“ Орце Тодоровски, кој тврди дека во другите градинки засега нема никаков проблем. Во петте градинки во Прилеп се сместени околу 500 деца ,а темелна деизинфикација на градинките е направен четири пати ,вели тој.

Што се однесува до училиштата само едно, второ одделение во ОУ „Климент Охридски“ со 20 деца е во изолација откако наставничката е позитивна на корона-вирусот.

Би можело да ве интересира

Тешка кражба во Прилеп, крадецот приведен

Пела Редакција

Крушево утре во сеќавање за Тоше, по повод неговиот роденден

Елизабета Филипоска

Joвчески: Под контрола е ситуацијата со пожарот на депонијата кај Алинци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе