11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Крушево во знак на Тоше, рози на патеката од маратонците

Во чест на македонската легенда Тоше Проески, Крушево утре , петок 16 ти октомври денот кога тој замина во вечноста, во организација на општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, други институции и приватни субјекти ќе бидат пречекани маратонците.

На влезот од градот, спортистите ќе се дочекуваат со црвени рози, кои граѓаните ќе ги оставаат и на патеката по која што трчаат низ градот до целта, а на Гумење ќе се изведуваат песните на Тоше Проески. Маратонците и градоначалникот на општина Крушево ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на неговото вечно почивалиште.

„Оваа година ќе полагаме цвеќе и ќе оддадеме почит на изграденото вечно почивалиште на Тоше. Конечно успеавме да се оддолжиме барем малку на Тоше, но преку многу настани во негов спомен ќе продолжиме да го негуваме неговиот лик и дело “, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Маратонот, традиционално се реализира во чест на Тоше Проески, почнувајќи неколку години по неговата смрт на 16 ти октомври 2007 мата година. Ова е трета година  по ред  како СОУ „Наум Наумовски Борче“ со поддршка на Општина Крушево , заедно со други институции, угостители, компании и граѓани ќе положуваат рози за достоинствен пречек на спортистите.

Би можело да ве интересира

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола од идната недела ќе биде пуштен во сообраќај

Гордана Цветаноска

(Галерија) Фудбалерите и спонзорот од „Златна рака“ донираа за Општата болница „Борка Талески“

Гордана Цветаноска

Јовчески: Изградбата на кружниот тек кај Цепенков започнува идниот месец (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе