7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Работниците од Комфи Ангел покажаа висок степен на одговорност за заштита на здравјето

„Тежината на ова време не треба да не’ натера да ја изгубиме довербата во себе си. Напротив, ова треба да ни даде сила и поттик да истраеме и да ја одржиме нашата мисија, основната визија на компанијата „Да градиме компанија што ќе постои и после нас!„–  истакна Ирена Јакимовска, менаџерот на компанијата Комфи Ангел -Прилеп, на редовната месечна средба со вработените, која поради пандемијата, веќе на неколку средби се одржува онлајн.

И, на денешната средба, акцентот беше ставен на здравјето на вработените, епидемиолошката слика на компанијата и важноста од зачувување на сопственото здравје и здравјето на другите.

„Во овој момент мора да признам, благодарение на Вашето одговорно однесување, на начинот со кој ги почитувате мерките на заштита кои ги воведовме во нашата компанија, бројот на заболени од коронавирус во компанијата е релативно мал и е од административниот дел, а оперативните работници, се здрави и сите се на своите работни места, што сум посебно горда. Лицата од администрацијата, кои го имаа вирусот, сега се во добра здравствена состојба и им посакуваме побрзо опоравување и враќање на своите работни места.“ – истакна Јакимовска пред работниците  .

Таа, на средбата, потсети дека единствена заштита од КОВИД 19 е почитувањето на пропишаните здравствени мерки и препораки, како внатре во компанијата, така и надвор од неа. „Со почитување на мерките, носење заштитни маски, држење растојание и дезинфицирање на рацете,  ќе му помогнеме на здравствството кое се соочува со недостиг од болнички и кадровски капацитети“- нагласи таа.

Стремејќи се кон зацртаната визија и мисија на компанијата “Градиме компанија која ќе постои и после нас“ , и покрај пандемијата, Комфи Ангел -Прилеп остана во правецот на создавање подобар животен стандард за вработените. Со редовното исплаќање на плати и овој месец на група работници им е доделена 13-та плата и К-15. Имено, на 14 вработени од деветтата група, овој месец им е исплатена 13 –та плата, а на четвртата група работници, 126 на број, им се исплатени пари за регрес за годишен одмор, односно К15.

Дел од солидарниот фонд беше доделен за помош за лекување на дете од работник на компанијата, а наградниот фонд,  од редовното месечно лотариско извлекување,  му припадна на работникот Антони Спиркоски, кој беше извлечен од претходниот добитник,  Зоран Тасески.

Со цел да се намали притисокот од целата новонастанатата ситуација со КОВИД 19, вработените на Комфи Ангел – Прилеп, имаат ретка можност, да имаат своја психолошка служба или „Линија за психолошка помош и поддршка“ која е отворена секој работен ден, а „анонимноста е загарантирана“, велат психолозите. Во психолошката служба, досега мал дел од вработените веќе побарале стручна помош !

Би можело да ве интересира

Новите Marlboro Core 7.0 од Тутунски комбинат Прилеп достапни на пазарот

Гордана Цветаноска

Витаминка на саемско претставување на Ануга 2023 во Германија

Само ветувања без решение за„случајот„ Еурокомпозит-Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе