7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сојуз на тутунски здруженија: Земјоделците да не брзаат со склучување на новите договори

По информацијата за зголемување на субвенциите за предадено тутунопроизводство од страна на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, денеска на средба со новинарите се огласи и новиот претседател на Сојузот на здруженија на тутунопроизводителите Киро Неделковски. Тој го потврди задоволството од новината што се однесува на исплатата на финансиската поддршка за тутунарите – зголемени субвенции што се однесуваат на ланската реколта.
– По 80 денари ќе бидат исплатени за прва, по 70 за втора и 60 денари за трета класа тутун. Околу 9 милиони килограми тутун се откупени во прва класа, 13 милиони во втора, 1,2 милиони во трета и многу малку во четврта класа. Ние сме во преговори исплатата на субвенциите да започне веднаш по завршување на законскиот рок за откуп на тутунот 15 март, рече Неделковски.
Напоредно со привршувањето на откупот, течат преговорите за новите цени кои ќе бидат создржани во договорите. Од Сојузот потенцираат дека ниту една откупна компанија од вкупно 9 регистрирани за преземање на новата реколта досега нема доставено предлог цени. Како што појасни Неделковски, тутунарските здруженија бараат зголемување на цените за околу 30 отсто повеќе од минатата година, но исто така е доближување на разликите од класа до класа.
– Апелирам до тутунарите да не брзаат со предавањето на белите картони неопходни за склучување на договорите. Потребно е најпрво да се изјаснат откупните компании, појасни Неделковски, па потоа да се потпишат договорите со компаниите.
Очекувањата се дека поради рекордно постигнатата откупна цена од над 217 денари за килограм тутун, како и повисоката субвенција, за новата реколта да има поголем интерес. Инаку, до сега се откупени околу 23 милиони килограми, од кои половината се од регионот на прилепско.

Би можело да ве интересира

Возилата во Македонија со просечна старост од близу 19 години

Земјоделците бараат јавните повици за закуп на земјоделски парцели да бидат потранспарентни

Собирајте ги сметките ,почнува повратокот на ДДВ. Како да остварите поврат??!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе