7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепската болница отвора нови Ковид одделенија и ги повлекува специјализантите

Акутниот проблем од дополнителен простор за хоспитализација на новозаразени со корона, како и недостигот на медицински кадар, доктори, сестри и болничари, прилепската болница ќе го решава со пренамена на некои од одделенијата во Ковид центри. Се бараат начини и за повлекување на прилепските специјализанти.

– Договорено е еден дел од Интерното одделение да се пренамени во Ковид центар, исто така Очно одделение кое се наоѓа на истиот спрат со одделението Уво, нос и грло каде што делумно го проширивме капацитетот за сместување на пациенти од Ковид 19, тие два тракта ќе бидат пренаменети, со околу 25 кревети, со што добиваме уште вкупно 50 кревети за пациенти со ковид. Со тоа ќе имаме вкупно на располагање 100 кревети заедно со Инфективното одделение, вели др Драган Богојески, дир. на Општа болница „Борка Талески“ Прилеп .

Најголем проблем сепак е недостигот од доктори, вели Богојески, за што доставиле барање до Министерството за здравство да ги повлечат повторно специјализантите во прилепската болница за да се обезбеди доволен персонал.

На таков начин би обезбедиле доктори кои ќе бидат вклучени во сите одделенија, бидејќи секаде има недостиг на специјалисти во старт пред појава на пандемијата, а сега тој недостиг уште повеќе се чувствува. Во допис со министерот барав да ги повлечеме сите специјализанти кои во моментов се околу 20 тина.   Имаме проблем со медицинскиот кадар, исто како и во другите болници, од причини што имаме во моментов во неколку одделенија позитивни, како и заболени од Ковид 19 и дел кои се во изолација, што го намалува капацитетот од медицински персонал кој што во моментов треба да одговори на барањата на пациентите општо, како и на барањата на пациентите заболени од Ковид. Во инфективно одделение повремено уфрлавме медицински сестри од другите одделенија со цел да им помогнат бидејќи таму е најоптеретена состојбата со пациенти кои лежат имаат потреба од преглед, или имаат потреба од терапија во дневна болница. Сега правиме напори да го зголемиме бројот на сестри кои ќе бидат ангажирани во Инфективно, а исто така како отвораме нови ковид центри мораме и таму да го зголемиме бројот на здравствени работници.

Прилепската болница е во фаза на обезбедување на централен довод на кислород во Инфективното одделение што треба да заврши оваа недела. Постапката е започната, инсталацијата ќе се реализира етапно без комплетно преместување на одделенијата.

Доколку има потреба за зголемување на капацитетите за хоспитализација од Ковид планот е  да се прилагоди некоја спортска сала во која што би се сместиле пациенти од Ковид со претходно обезбедена инфраструктура.  

Би можело да ве интересира

Отстапка нема – втор ден протести на прилепските пензионери

Пела Редакција

Николоски: за 3 години нов, модерен и безбеден автопат Прилеп – Битола

Пела Редакција

Прилеп 4 нови случаи, вкупно 50 !Тел. на дежурни маркети и аптеки за време на државен карантин

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе