12.1 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Јованоски: Упатувам апел за поголема одговорност за поефикасно справување со Ковид 19

Влошувањето на состојбата и зголемениот притисок врз прилепските здравствени институции ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“, Здравствен дом, Центар за јавно здравје, епидемиолози, инфектолози и матичните лекари ги принуди здравствените работници во координација со Општината да бараат решение за справување со големата корона криза во која се наоѓа Прилеп. Вчера се одржал неформален состанок со претставници од локалните здравствени власти, а денеска се состана и Кризниот штаб.

На седницата на Општинскиот кризен штаб одлучивме: заради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување, хоспитализација, двојно да се зголеми капацитетот на болнички кревети во болницата. Ова значи на досегашните околу 50 да се зголеми на 100 кревети. Ќе се зголеми и медицинскиот персонал во инфективното одделение преку ангажирање на дополнителен персонал од здравствени работници од другите одделенија и со вклучување на волонтери.

Констатиравме и дека состојбата налага и за поголемо вклучување на матичните лекари во справување со пандемијата, за што тие позитивно одговорија, посочи градоначалникот Илија Јованоски, по завршување на седницата .

Воедно, тој посочи дека се интензивира дезинфекцијата на јавните површини, а задолжителна обврска е на училиштиштата и градинките за дезинфекција на објектите на дневна основа.

Јованоски апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, носење на маски и социјална дистанца, до стопанските субјекти, особено оние со помал број на вработени, да ги почитуваат протоколите, а до младата популација да не се групираат и да прекинат со организирање на забави.

За сериозноста во која се наоѓа Прилеп со вториот бран од пандемијата зборува податокот што само во октомври, бројот на новозаболени е половина од вкупниот број од почетокот на пандемијата ( од вкупно 1380 – 722 се во октомври). Бројот на активни случаи до денеска е 509, од кои 63 се на болничко, а останатите на домашно лекување. Од досега починатите 62 лица, 20 се починати во октомври, од кои 10 во последната недела.

Би можело да ве интересира

Зошто 8 ми април е Светски ден на Ромите, по што се издвојуваат македонските Роми во светот?

Гордана Цветаноска

Во карантин половина Македонија, забрана за одење на гробишта за Задушница

Гордана Цветаноска

Прилеп гордо и достојно во одбележувањето на Нaрoдното востaние и антифашистичката борба

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе