13.9 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

Исхраната во битката со COVID-19 – Дебелината ризик фактор во случај на заболување од COVID-19

Како точно прекумернта тежина  (дебелината) го зголемува ризикот за компликации од COVID-19 засега не се целосно дефиниранo, но постојат многу патишта на поврзаност. Статистиките  покажуваат дека најголем процент на пациенти кои се јавуваат со  поголема потреба за кислородна поддршка, ризик од хипоксемија или недостаток на количество на кислород во крвта, се токму во категорија обезни или со покачена телесна тежина.Централната дебелина е најголемиот ризик за COVID-19 компликации.“– истакнува нутриционистот, Викторија Илиоска од Nutri VI Club – Прилеп

Случајот со 27 годишното момче од Липково кое почина од Ковид-19 без какви било хронични заболувања освен покачена телесна тежина е само последен во низата пацинети кај кои дебелината се покажа како фатален фактор. Согласно oбработените податоци од Институтот за јавно здравје од 23 септември, прекумерна дебелина е регистрирана кај 42 позитивни лица. Од нив 13 завршиле со смртен исход.

Кога го следиме калкулаторот за индексот на телесна маса, кој треба да ни покаже дали спаѓаме во групата на ‘’неухранетост’’, ‘’нормална тежина’’, ‘’прекумерна телесна тежина’’ или ‘’обезност’’  практично претставено, обезноста се води со индекс од 30kg/m2, што би значело дека лице со висина од 160cm кое има тежина од 77kg и повеќе, лице со висина од 170cm кое има телесна тежина од 87kg и повеќе или лице со висина од 180cm кое телесна тежина од 98kg и повеќе, според BMI калкулаторот спаѓаат во категоријата ‘’обезни’’ и тоа веќе станува алармантно. – посочува нутриционистот, Викторија Илиоска. 
             

Но, не е причината за компликации само прекумерната теленса тежина. Во моменталната ситуација, дел од ризикот за компликациите на COVID-19 се и болестите: дијабетес, кардиоваскуларни заболувања (КВЗ), болести на црниот дроб …  А, овие болести, често и за прв пат, се појавуваат кај луѓе после 35та година со прекумерна телесна тежина и седантерен стил на живот.

Но, воспоставувањето на правилна исхрана, знае да даде голем придонес за подобрување на здравјето, имунитетот и паралелно намалување и на ризикот од компликации со COVID-19.  

Исхрана важна за регулација и подобрување на имунитетот

Намалувањето на телесната тежина веднаш ќе придонесе до намалување на проблемите и ризиците.  За да се намали телесната тежина, важно е тоа да не се прави преку големи рестрикции, туку постепено, преку редовни и балансирани оброци и вклчување на физичка активност.

Консумирање храна богата со растителни, антивоспалителни, антиоксидативни и антимикробни компоненти: ЗЕЛЕНЧУК, ОВОШЈЕ, ТЕЧНОСТИ : алицинот во лукот, куркуминот во куркумата, капсаицинот во лутата пиперка, ѓумбирот, хербалните чаеви, природните домашни супи. Многу значајни се и цвеклото, морковот, зелката, пиперките, прокељот, брокулата, темно зелениот зеленчук, магдоносот…  Од овошјето, бобичастото овошје и цитрусното овошје.

“Но, нема што да се издвојува кога станува збор за зеленчук и овошје, консумирајте СЕ што е сезонски достапно, тоа може само да ви придонесе за подобрување на здравјето и поткрепа на имунолошките патишта.“- советува, нутриционистот Викторија Илиоска од NutriVi Club-Прилеп

* ХРАНА БОГАТА СО ЦИНК, СЕЛЕН, ВИТАМИН Д, ВИТАМИН Ц, ВИТАМИН А, и аминокиселните АРГИНИН И ГЛУТАМИН.  

Сите горенаведени овошја и зеленчуци, и плус легуминозите – грав, леќа, наут, јаткастите плодови , особено ореви, бадеми, индиски ореви, бразилски орев, семки од тиква и сончоглед; слаткиот компир -бата; масни риби , лосос, сардини, скуша, харинга, бакалар, астрмка, рибино масло; целозрнести житарици, интегрален ориз, ‘рж, хељда, киноа, амарант, грашок , сумирано, имаат придоенс на овие витамини и минерали!

Како здравата исхрана го “штити “органзизмот од хронични воспаленија?!

Здравата исхрана е потребна за правилно функционирање на сите клетки во организмот, а со тоа и на клетките вклучени во имунолошката одбрана. Исто така, ‘’активиран’’ имунолошки систем, при одредено заболување, има потреба од поголем енергетски внес, поради поголема базална распределба на енергијата низ телото, на пр. при треска од настин. Па така, оптимална исхрана за имунолошкиот систем би била храна која  ги поттикнува одговорите на организмот кон патогените и воедно помага во спречување на развој на хронични воспаленија во организмот. 

Одредени конкретни намирници во исхраната имаат голема улога во намалување на воспаленијата во организмот, кои знаат да бидат основа на многу болести. Храната тоа го прави преку интеракција со одредени ензими, регулација на клеточна делба, транспорт на протеини, антиоксидативна заштита на клетките итн.. Додека ,пак, несоодветна и неправилна исхрана знае да биде причина за несовпадната имунолошка функција, за несоодветна имунолошка одбрана, која се должи на недостатокот на правилни и клучни состојки во храната кои ги потпомагаат и регулираат процесите во имунолошката одбрана.

Потребни ли се Суплементи – зошто и како?

Суплементите знаат да бидат често потребни пред се поради недоволниот внес на одредени витамини и минерали преку исхраната, а тоа е и нивната улога – по потреба да служат како замена за храната. 

Најчесто поради не можност на консумирање на одредена храна поради интолеранција, алергија, поради преференции во вкус, потоа поради незастапеност на голем дел производи во исхраната кај луѓе кои следат одреден стил на исхрана ,како вегетаријанство или веганство, одредени здравствени нарушувања кои не им дозволуваат на некои луѓе внес на сите намирници, а тука улога зема и возраста која поради разни физиолошки промени предизвикува намалена синтеза на одредени витамини и минерали во телото.  Па поради овие причини , и секако со оглед на околности со COVID-19, со потребата за особена грижа на нашето здравје и нашиот имунитет, суплементите треба да се користат.

Но, треба да се внимава на колчината на суплементација. Што повеќе суплементација – не секогаш значи  и подобро здравје! Сите витамини и минерали си имаат своја одредена доза на користење која се одредува според возраста, начинот на живот, исхраната, понекогаш и според биохемиски испитувања и здравствена состојба.

Но, да не заборавиме физичката активност  е клучна во елиминација на токсини и подобрена циркулација – кислородот во нашето тело што е потребно за целокупно правилно функционирање на клеточно ниво.

Здрав живот преку здрава исхрана и физичка активност може само драстично да го намали  ризикот за појава на компликации од COVID-19, но и генерално – појава на било какви останати заболувања кои можат да ни го нарушат здравјето и квалитетот на животот.

Пишува: Викторија Илиоска, nutriVI club.

Би можело да ве интересира

Како со додатоци на храната најбрзо и најдобро да го подобриме имунитетот?!

Гордана Цветаноска

Музички филиграни

Никола Димески

Вистинска приказна на млада мајка со дијабет и важноста на исхраната- Светски ден на дијабетесот, 14 -ти ноември

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе