7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Крушево продолжува со активности за превенција од Ковид, поделени заштитни маски

Заштитни медицински маски обезбедени преку донација од Република Турција денеска беа поделени во Крушево. За тоа се погрижија вработените во Општината кои поделија 300 маски на случајни минувачи во центарот на Крушево. Ризична група која има потреба од дополнителна заштита се повозрасните граѓани.

„ Пензионерите се најранливата група на граѓани во однос на коронавирусот и затоа одлучивме нив да ги адресираме со оваа активност  “,  вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Претходно општината обезбеди маски за вработените на јавните институции и во неколку наврати ги дезинфицираше истите. Општината продолжува со активности за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Крушево во знак на Тоше, рози на патеката од маратонците

Гордана Цветаноска

Показна вежба на ТППЕ – Прилеп на ден на пожарникарите

Пела Редакција

Чесниот крст во рацете на Благојче Цветкоски во Славеј

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе