10 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Деспина супериорна против Шампион

Ракометарките на Деспина, во 10 коло од Супер женската ракометна лига, одиграа уште еден добар натпревар на домашен терен и обезбедија три нови бода,  против екипата на Шампион – Скопје, со победа 26:18.

Прилепчанки тргнаа одлично во првото полувреме, со контра напади, добри пасови и одлична одбрана, па до крајот на средбата не постоеше никаква неизвесност дека победата ќе им „избега од рака“. Заминаа на полувреме со резултатска предност од 5 кола (15:10).

Но, иако, во ниту еден момент Депина не се дозволи гостинките да се разиграат и да дојдат до подобар резултат, на стартот на второто полувреме некако „излегоа“ од ритамот кој го имаа во  првото полувреме од наптпреварот. Па, во првите 12/13 минути едвај постигнаа само еден гол, за веќе 18 минута од полувремето да ја „обноват“ играта, при што тренерот Страшо Илиоски да имаше можност да им даде шанса и на резервните играчи и да слави нова победа.

Екипата на ЖРК Шампион наовој натпревар ни најмалку не беше достоен противник на разиграните прилепчанки, кои веќе неколку кола немаат изгубно бодови.

Во следениот натпревар, во рамките на 11-тото коло од Женската Супер ракометна лига, ЖРК ДЕСПИНА има потежок противник. Таа, повторно , на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК МЕТАЛУРГ, на средба која е закажана за в среда, во 19,оо ч.

Би можело да ве интересира

Џудистите од Пролетер се вратија со 5 медалји од Кикинда

(Фото) ЧЕСТИТКИ! Трето место за фустал екипата на Радио Пела на меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“

Пела Редакција

На големиот јубилеј на ЏК Сеишин – нов 13-ти по ред џудо спектакл – “Прилеп Град Херој 2023 ” – Цевитана куп (ВИДЕО +ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе