7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Стручно и посветено за безбедноста во сообраќајот – Авто Контрол, овластена техничка служба единствена во Прилеп

Менаџерскиот тим од компанијата, на чело се сопружниците Љупчо и Даниела Перканоски ја носат одговорноста на екипата од 28 вработени – посветено ангажирани за комплексниот механизам беспрекорно да функционира.  Даниела Перканоска објаснува дека основниот предизвик во развојот на компанијата е да се одговори квалитетно брзо и ефикасно на секој клиент со најмодерна опрема и стручен тим целосно посветен на основното мото на компанијата – БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО!

1. Кој беше пресудниот момент за проширување на услугите на Авто Контрол?

– Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, од 2019 та година преку обезбедување на потребните услови прераснавме во Станица која ги исполнува сите стандарди за вршење на дејноста: Технички преглед и регистрација на сите категории на  возила со две патеки за технички преглед и инспекциски активности. Авто Контрол покрај Станица за технички преглед и  Сервис- денес е и акредитирано инспекциско тело -Техничка служба за хомологација и атест на возила единствената во Прилеп и околината.

2. Кој е вашиот опсег на акредитација односно за кои услуги сте овластени како техничката служба­?

Покрај хомологација односно единечно одобрување на увезените возила, во нашата техичка служба може да се инспектираат возила со следните преправки:

-преправено возило со дополнително вграден плински уред TNG;

-дополнително  вградени заштитни фолии или обоени стакла;

-дополнитено вграден механички уред за спојување на моторните и приклучните возила (КУКА);

-Преправка – промена на категорија на возило;

-Преправки – промена на број на седишта;

-Преправка – промена на погонски мотор;

-Преправка – дупли команди;

-Преправки – надоградба;

-Утврдување и втиснување на идентификациски ознаки (број на мотор и шасија);

-преправки на возило наменето за лице со инвалидитет.

– Издаваме потврди за исполнување на техничко експлоатациони услови и техничките каратеристики на возило.

-Согласно овластување од страна на Министерството за транспорт и врски, Авто Контрол – Сервис спроведува проверка на подготвеноста на возилата за сообраќај и издава Сертификат. Проверките се вршат врз основа на Европската конвенција на Министрите за транспорт (ЕКМТ – ЦЕМТ), за возила ЕУРО4, ЕУРО5 и ЕУРО6. По извршените проверки на возилата, за тие кои ги исполнуваат барањата, се издаваат Сертификати кои понатаму претставуваат и еден од влезните елементи при аплицирање на превозниците во распределбата на годишните ЕКМТ (ЦЕМТ) дозволи.

3. Кои возила се упатувааат на испитување и каква е постапката за евидентирање на преправката во сообраќајната дозволa?

За преправени, односно поправени возила се сметаат возила на кои сопственикот дополнително им го променил видот, варијантата и изведбата, преправање или менување на одделни матични, односно претходно вградени системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема во возилото со други кои имаат променети карактеристики, важна преправка или поправка (замена на шасија или сл.), вградување на не оргинални и не одобрени системи, составни делови.

Вака променетите возила се упатуваат до техничка служба, каде сопственикот на возилото ги приложува на увид потребните документи за возилото и самото возило.  Во Авто Контрол, истиот ден клиентот ја добива потврдата за сообразност и може промената да ја евидентира во сообраќајната дозвола од страна на референт од Министерството за внатрешни работи во нашите простории.

Исто така да ги информираме превозниците дека во нашата техничка служба можат да добијат Сертификати кои понатаму претставуваат и еден од влезните елементи при аплицирање на превозниците во распределбата на годишните ЕКМТ (ЦЕМТ) дозволи и Потврдите за исполнување на техничко експлоатациони услови за одделни видови на превоз ги добиваат во истиот ден кога се прегледува возилото.

4. Широката палета на услуги подразбира и соодветен стручен тим, но и адекватна работна средина прилагодена на  барањата на клиентите. Која е вашата девиза за успех?

– Главен стремеж на компанијата  е да изгради пријатна атмосфера и соработка со секој од нашите клиенти. Нашите приоритетни задачи се задоволување на потребите на корисниците на услугите и заедницата, за подигање на степенот на безбедност во сообраќајот со примена на високите стандарди во работењето. Паролата на тимот е: Квалитетно, брзо и ефикасно согласно законската регулатива!

Авто Контрол е составен од млад тим на професионалци со целосно докажана компетентност, модерна опрема и пријатна атмосфера.Перманенто едуцирање и усовршување  на управата, вработените и соработниците  ни носи гаранција дека нашите цели за квалитет се објективно дофатливи за реализација. Сите вработени на своите работни места прифаќаат извршување на работните задачи согласно политиката на квалитет. Редовно се грижиме граѓаните да добиваат врвна услуга, го усогласивме амбиентот да биде пријатен за времето додека клиентите ги завршуваат обврските на чекање во релаксирана атмосфера и на крај секој клиент добива подарок од компанијата.

5. Започнаа да важат зимските обврски за возачите. Условите во сообраќајот се веќе променети, кои се вашите препораки ?

 Од 15 ноември, почна да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година. Апелираме  до возачите да ги почитуваат законските прописи и да обезбедат соодветна зимска опрема со цел безбедно непречено патување при зимски услови на патиштата. 

Ниските темперaтури значително влијaaт врз техничкaтa испрaвнoст нa вoзилoтo и тoкму зaтoa, особено кога температурите се во длабок минус, неoпхoдна е редовна техничкa прoверкa нa вoзилoтo. Но, и покрај тоа, дел од возачите, поради повеќе неоправдани причини, не прават редовна контрола и редовно одржување на возилото.

Многу изговори, многу неиздржани оправдувања, а исходот е само еден – проблеми со возилото и небезбедно учество во сообраќајот.

Биди одговорен возач. Направи техничка проверка на возилото!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ЈКП Водовод и канализација Прилеп: Водата поскапува за 17,9 %

Учениците од ООУ „Добре Јованоски“ ја добија донацијата од Витаминка и продукцијата Преспав

Гордана Цветаноска

РК „Прилеп“ згасна

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе