3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Средбата меѓу тутунарите, откупувачите и министерот Хоџа, утре, ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, Скопје

Како што беше најавено, утре ќе се одржи средбата меѓу претставници на Иницијативниот одбор на протестите, од групата Македонски тутунари, претставници од Сојузот на земјоделски здруженија, претставници од откупните компании, регистрирани компании – учесници во тутунскиот откуп за реколтата 2020/ 2021 година, со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта е да се изнајде решение за продолжение на тутунскиот откуп, кој што е времено запрен од вторникот, со повлекување на поверениците од вагите за проценка на производството. Воедно, како што беше договорено на средбата во Прилеп, времено запреа и протестите на тутунарите, се’ до изнаоѓање на евентуално решение. Средбата на претставници од тутунопроизводителите со откупувачите, со посредство на министерот Арјанит Хоџа ќе се одржи утре напладне во Конгресната сала на Спортскиот центар Борис Трајковски, по што се најавени и изјави за медиумите.

Групата „Македонски тутунари“ организирана преку социјалните мрежи бара постигнување на просечна откупна цена од 200 денари за килограм ориентален тутун, што според нив, е реална за годинешната реколта, со пресметани производствени трошоци за одржлива продукција.

Би можело да ве интересира

Прилеп има 9 активни ковид случаи

Гордана Цветаноска

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

Пела Редакција

(Фото+Видео) „Бела вода“ го полни Прилепското езеро

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе