5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Силен земјотрес во Хрватска, половина Петриње разрушено, војската доаѓа да помогне

Силниот земјотрес што ја погоди Хрватска денес, предизвика страшна материјална штета во Петриња, мало место во близина на кое се наоѓаше епицентарот.

Со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, се уриваа станови и згради, а голема штета претрпела и болницата во Сисак, која е оддалечена само 15 километри од Петриња.

Директорот на болницата, Томислав Дујменовиќ, изјави дека состојбата воопшто не е добра.

„Штетата е огромна, урната е целата единица за интензивна, хирургија, поголемиот дел веќе не е за употреба. Сега ќе се селиме во нова зграда. Министерот исто така контактираше со нас, мора да ги испратиме пациентите на респиратори. Не знам дали има повредени, но голем број доаѓаат од Петриња“, рече тој.

Според последните информации, повредени се 20 лица од Петриња, а двајца се во потешка состојба. Меѓу загинатите има и 12 годишно девојче од Петриња. Засега се немаат пријавено повредени жители од Сисак.

Според репортерите на телевизијата Н1, во тек е евакуацијата на пациентите сместени во ковид-одделот во болницата во Сисак. Тие велат дека се транспортираат 100-200 лица.

Извор: Макфакс

Би можело да ве интересира

Ништо ново од работничката средба со вицепремиерот Анѓушев

Гордана Цветаноска

Приведен крадец, одземеното вратено на сопственикот

Пела Редакција

ДВЕТЕ ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ЌЕРКИ ВИ ГО ЧЕСТИТААТ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе