11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

И, во 2021 во фокусот на компанијата Комфи Ангел е човекот, неговата среќа и здравје!

По колективниот одмор за новогодишните и божиќните празници, работниот колектив на компанијата Комфи Ангел, оваа недела започна со работа со полн капацитет.

„Ова е нова година, во која што, сигурно ќе имаме нови предизвици, година во која сигурно ќе имаме нови радости. Добредојдовме во Комфи Ангел и добредојдовме во системот за да продолжиме да ја реализираме мисијата и визијата на нашата  компанија “Градиме компанија која ќе постои и после нас!“-  вака, ги поздрави вработените, менаџерот на компанијата Комфи Ангел, Ирена Јакимовска во првата работна недела од новата година.

Таа им посака успех и храброст на сите вработени за соочувањето со сите предизвици кои ја чекаат компанијата во новата, економска 2021 година.

“Денеска сме исправени пред една нова година и треба да размислуваме и фокусот да ни биде за она што е напред, ново утре, подобро за сите нас. Во фокусот на нашата компанија и оваа година, пред се’, ќе биде човекот како единка и неговата среќа. Од тие причини, во рамките, онолку колку што ќе ни дозволи самата компанија, ќе продолжиме да го градиме процесот на подигнување на животниот стандард на секоја единка која е инволвирана во процесите на компанијата. Но, до каде ќе одиме со градење на тој животен стандард ќе зависи само од нас самите, колку љубов, енергија и концентрација ќе вложиме во компанијата.“- порача Јакимовска.

Таа потенцира дека бројот на отсутни  работници, заболени од Ковид, во компанијата е намален, но тоа не значи дека е потребно да не се почитуваат мерките на заштита. Напротив, компанијата ги задржува одлуките за заштита на работниците од пандемијата и оваа година, а тоа значи носење на заштитни маски, дистанца и задолжителна дезинфекција.

„И, понатаму континуирано треба да бидеме фокусирани на пандемијата и да ги почитуваме правилата на заштита од Ковидот во текот на работното време. И, понатаму продолжуваме со санкционирање за не почитување на оваа одлука, бидејќи се работи за човечки животи и не смееме да дозволиме да го потцениме вирусот и да заборавиме на фокусот – човекот и неговото здравје“ – нагласи Ирена Јакимовска на редовната средба со вработените.

Солидарниот фонд повторно актуелен

Вообичаено, на редовната средба се доделуваат и средствата од солидарниот фонд на компанијата, која е можеби единствена компанија во Македонија, што има месечен солидарен фонд за вработените. Дел од средствата од солидарниот фонд, овој месец, компанијата ги додели за лекување на вработениот, Игор Ргоски.

Додека пак, при извлекувањето на т.н лотарија, среќен работник беше Емилија Цветаноска која доби одредена сума пари што би ја потрошила за себе и своето семејство .

Пензионирањето во компанијата е голема чест!

Почитувајќи ја филозофијата на работниот колектив “Градиме компанија и после нас“ дел од работниците со работен стаж, старосна граница и услови за пензионирање, заминуваат од компанијата, задоволни што својот работен век го посветиле на својата компанија, Комфи Ангел.

Деновиве во пензија замина работникот Миле Димески. Менаџерскиот тим, по тој повод пригодно му се заблагодари за неговата пожртвуваност и долгогодишен ангажман во компанијата.

Огласи за вработување – охрабрување за младите

Паралелно со „одењето во пензија“, компанијата Комфи Ангел ја надополнува работната сила, со ангажирање на нови, млади луѓе, од повеќе профили. За таа цел, редовни се огласувањата за вработувања. Компанијата ги мотивира и ги охрабрува младите да се пријавуваат, бидејќи нуди редовна плата, награди, стабилна работа со можност за напредок, редовни бонуси за ефикасност, дополнителни бонуси за редовност, обезбеден оброк и превоз, притоа, почитувајќи ги пред се’, работничките права и работникот.

Би можело да ве интересира

Белиот Сивец мермер сеуште највисоко котира по својот квалитет во светот

Гордана Цветаноска

Тутунски откуп: земјоделците бараат фер проценка или протести, а министерот укинување на 4 класа

Гордана Цветаноска

Барањата на работниците од „Еурокомпозит“ пред разрешница, Владата го усвои Предлог законот, на ред е Собранието

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе