ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

25-ти Мај : Денес сеќавање а некогаш празник за многу генерации (ВИДЕО +ФОТО )

552

Денот на младоста беше празник со кој се славеше роденденот на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито. Генерации пионери, студенти, војници ја носеа штафетата на младоста илјадници километри од Триглав до Гевгелија, за да му ја предадат на претседателот на поранешната држава. Иако последната штафета беше направена и однесена во Белград во 1987 година, многумина и денес го одбележуваат Денот на младоста сеќавајќи се на „подобрите времиња“.

Главниот симбол на овој празник беше штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на стадионот ЈНА во Белград.

Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија. Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело. За носители на штафетата на младоста секогаш беа избирани примерни младинци, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд.

Денес и по многу години се уште има Македонци, Срби, Хрвати, Бошњаци и други кои себеси се опишуваат како „југоносталгичари“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: