Пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговски друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување, да бидат дел од економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија. Сметководите сметаат дека во ова време на пандемија им е попречено нормалото работрење и звршување на обврските кон клиентите и државата
„Роковите пропишани со Законот за трговските друштва се исклучително кратки, споредбено со која било друга земја во регионот и пошироко. За споредба, во соседните Бугарија и Србија извештаите се поднесуваат до 30.6, во Хрватска до 30.4, во Германија до 31.3 за големи ентитети и 30.6 за малите претпријатијата, во Франција и Шведска до 31.7 итн. Навременоста е еден од главните ограничувачки фактори за обезбедување и на веродостојни и релевантни информации,во ова време на пандемија кога дел од колегите или коминтентите можеби се во изолација или имаат здравствен проблем поврзан со пандемијата вели, Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководители.
Разговор поврзан со оваа тема слушнете го во целост: