7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанец стана милионер

Прилепчанец стана милионер. Ване од синоќа ќари 600.000 евра во ,,Моцарт Кладилниците” од Прилеп. Според информацијата од оваа обложовалница, најголемата добивка на Балканот е остварена токму синоќа, која можеби е и најголема добивка во историјата на спортските игри воопшто во Македонија, а можеби и во регионот.
Најголема причина за славје на Ване беше по завршување на синоќешните мечеви од Лигата на шампионите .Од обложавлниците „Моцарт“ потврдија дека еден ист човек уплатил седум ливчиња со вкупно 300 денари, а на сите добивката била 5.000.000 денари, а на крајот сите биле добитни.

Со само 300 денари вложени, добивката на среќниот играч е неверојатни 34.632.342 милиони денари, односно речиси 600.000 евра, со помалку од 5 евра уплата.
Ливчињата биле уплатени уште пред еден месец, а на нив имало меѓу 18 и 22 парови. Интересно е што на сите ливчиња како последни парови биле вечерашните средби од Лигата на шампионите меѓу Шахтјор – Рома и Севилја – Манчестер Јунајтед.
Според типуваното, Шахтјор – Рома играл дека ќе има 2-5 гола, а мечот заврши со 2:1 за украинскиот тим. Вториот пар, меѓу Севилја и Манчестер Јунајтед бил со двојна шанса Х2, а на крајот средбата заврши 0:0, Откако завршиле дуелите, славјето почнало.

Би можело да ве интересира

Коронавирусот и во Мак фудалот

Елизабета Филипоска

Дебитантски триумф со нокаут за Трајче Илиоски во професионалниот бокс (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Две пријателски фудбалски средби во Прилеп: БРАТСТВО ДАДЕ ОТПОР, ПОБЕДА РЕМИЗИРА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе