30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Македонија испушти триумф против Велс – а колку убаво го искористивме киксот (ВИДЕО + ФОТО)

Долго ќе се памети пресметката помеѓу Македонија и Велс.И тоа  последните моменти од натпреварот.Имавме се , и  човек кој е на вистинското место , голгетер – Миовски  , и кикс на човек кој има претерано минути и минути во своите  нозе  – Џо Ален , и  емотивна публика која ептен сакаше да ги изгушка со дланките своите пулени на теренот заради фудбалскиот непокор против велшаните но и за желбата да се остане непоразен против дружината на Белами.На крајот мораше еуфоријата и секундите кои ја делеа македонската фудбалска репрезентација од седма победа по ред а требаше втора во групата , да се заменат со реми.Не дека не е заслужено ама мораше ли една ваква “спортска среќа” , повторно да не остави без победничка атмосфера?..

И кога веќе  се правеа планови како да се нагости , следно,  Белгија која ќе пристигне да се надигрува во јуни со нашите , се случи Брукс , кој некако ја погоди мрежата за да ги остави во мундијалска игра велшаните кои се спасија  и покрај доминацијата која ја имаа во текот на дуелот.Задоволството од крајниот епилог остана кај противникот , но Македонија продолжува со мундијалските квалификации и мундијалскиот сон за натпревари на  америчко тло.

Со освоениот  бод македонската фудбалска репрезентација во овј дел од кфалификациите е на првата позиција а секако битката продолжува во јунската сесија кога ќе се надигруваме со Белгија на домашен терен и ќе гостуваме кај Казахстан која пак триумфираше против Лихтештајн.

Би можело да ве интересира

Започнаа разговорите за откупната цена на јачменот и пченицата

Златното момче од Прилеп Лука Најдоски промовиран во светски првак

„Од 0 до културА“ вечерно дружење во диско ритам со Aleks & Friends

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе