3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Хоџа: Очекувам наредната прва седница во Собранието да се изгласа измената за пролонгирање на откупниот тутунски рок

Доволен е периодот до 31 март, штом се изгласа измената на Законот за тутун, да се изнајде решение за дооткупување на вишокот тутун, потенцираше ресорниот министер Ајранит Хоџа на денешната трибина во организација на Сојузот на земјоделски здруженија. Се бараат решенија од откупните компании кои делуваат во Македонија, а доколку нема, тогаш вишокот македонски тутун ќе се продава за Република Турција.

Инаку, надвор од договореното, до сега се откупени 2 300 000 кгр тутун, според проценките останато е околу 1 500 000 кгр.  Но, потребно е да се изгласа во Собранието, доставениот предлог од група пратеници за измена во Законот со која што ќе се пролонгира рокот до 31 март, со што сите засегнати страни ќе имаат простор, тој вишок на тутун да се откупи.

– Седницата требаше да се одржи на 15 ти февруари, ние сме во постојана комуникација и со пратениците и со пратеничките групи од владеачкото мнозинство и очекувам дека наредната прва седница ќе се изгласа измената. Нормално може да се изгуби оваа недела, но имаме дополнителен период од 3 недели што за 1,5 мил. кгр може да се решат. На средбата со министерот за земјоделство на Република Турција стана збор да се изнајде решение, односно компанија што би можела да излезе во пресрет на овој вишок тутун и очекувам дека по интензивните разговори во текот на неделата да имаме одговор од нивна страна за тоа колку би биле спремни да се откупи ваков вишок на тутун, рече министерот Хоџа.

На денешната трибина во Прилеп стана збор и за отворените прашања со измени на Правилникот и дополнителни измени во Законот за тутун.

– Зборувавме и за тоа како да се претстави динамиката за законските решенија, односно за изнаоѓање на најдобри решенија за следната реколта имајќи ги во предвид проблемите што настанаа во оваа реколта. Врз основа на тој дијалог очекувам дека ќе имаме заедно средби и со Сојузот и со откупувачите со присуство од претставници на министерството, за изнаоѓање на најдобрите законски решенија, за да ги немаме истите проблеми како актуелната реколта. Исто така ќе информираме и за тоа врз основа на анализа како би било за претстојната реколта, производството, количеството, и колку да тежи реколтата за да може да имаме и добра цена и квалитетно и без пречки да се одвива откупот на следната реколта,посочи министерот.

Од Сојузот на земјоделски здруженија апилираат до тутунопроизводителите да не склучуваат договори за новата реколта се’ додека не се прецизираат отворените прашања кои се покажаа проблематични за актуелната реколта.

– Бараме да се стопира склучувањето на договори, измена во Правилникот за процена на тутун, каде што предлагаме да се цени во 3 класи, а дополнителна да има само как 4 та, или збирна класа. Одбитоците бараме за прва класа да бидат 1%, за втора 2 %, за трета 3%, за збирната класа да биде 5 %. Или вкупно да не надмине одбитокот 5 %. Ќе бараме покачување на цените, и тоа за прва класа 280 ден, за втора 220 ден, за трета 170 ден., за четврта 90 ден. Ќе бараме во договорите  да се зголеми произведеното количество по декар,  наместо 180 да биде 230 кгр.

Сите очекуваат да се изнајде решение за да се продолжи рокот за откупот, а што се однесува за вишокот тутун од министерството ветуваат дека за целиот тутун ќе има исплата на субвенции. Наводно, сеуште има договори кои не били затворени, надополнети, така што просечната цена би била иста како и досега. Според Стомнароски за вишокот за кој домашните компании нема да најдат решение, министерот дал уверување или преку турската компанија која што делува во Македонија или преку Тутунски Комбинат Прилеп ќе се дооткупи во целост.

Земјоделците, тутунари задоволни од средбата во Прилеп.

-Постигнавме договор со министерот и ни вети министерот дека ќе го откупи тутунот до 31 март. Ни вети дека ќе има субвенции за секој откупен кгр кој што е над вишокот, над договореното. За наредната година ни вети дека ќе има малку покачување, ќе нема да постои онаа четврта класа како што сега ја проценуваат само на 4 та класа, и ќе бидат покачени килограмите на декарите. Задоволни сме од она што го постигнавме и мислиме дека министерот ќе го одржи своето ветување да не бидеме оштетени, рече Ердем Синаноски од Дебреште.

Би можело да ве интересира

Реакција: Наместо во Прилеп, министерот во Радовиш ќе разговара со откупувачи и тутунари

Гордана Цветаноска

Започнаа градежните работи за изведба на кружниот тек кај Цепенков

Пела Редакција

Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе