29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Дамески: Дали стрелец или тренер? сигурно го одбрав вистинското за мене (ФОТО+ВИДЕО)

Дали да бидам активен стрелец или професионален тренер?

На крајот преовладува желбата да се биде тренер во стрелаштвото , па затоа и 49 години сум активен во овој спорт , вели Трајче Дамески за Радио Пела. Тој за време на гостувањето во нашата програма во живо истакна дека иако сега е во пензија , сепак , приврзаноста кон стрелаштвото сеуште го мотивира да ги подготвува младите стрелци за големи дострели.

Стрелаштвото во Прилеп има голема традиција , ако се знае дека од Прилеп потекнува и олимпиецот во овој спорт Насески , кој како што вели Дамески направи рекорди кои до ден денес се тешко достижни.

Во продолжение погледнете го и целосниот разговор, за кариерата на Дамески , за резултатите на Херој Прилеп како клуб како и за поединечните успеси на прилепските стрелци под менторство на Дамески. Разговорот го водеше колегата Зоран Игески.

Би можело да ве интересира

Бронза за женската кадетска џудо репрезентација

Победа посилна од лидерот – Мазари играч на натпреварот (ФОТО)

Никола Димески

Победа – Шкупи на стадионот во Битола, дебитант Бразилецот Силва

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе