5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Тодоровски: Ја користиме секоја можност децата да се вратат во градинките

Здравственатa криза се продлабочува, бројот на новозаразени е во пораст, но стопанството мора да живее, а воспитно – образовните институции каде се згрижени децата од предшколска возраст, да одговорат на барањата на родителите за враќање во градинка. Каква е состојбата во  ЈОУДГ „Наша иднина“, како прилепските детски градинки се справуваат со предизвиците разговаравме со Орце Тодоровски, директор на оваа установа.

– Состојбата во ЈОУДГ „Наша иднина“ е солидна, во 6 од 10 те градинки. Максимално се придржуваме на протоколите за работа, така што од надвор нема пристап ниту едно лице освен персоналот и децата. Во моментов имаме 2 воспитни групи во изолација, тоа се некаде околу 30 деца, 4 учителки, и една од вработените од техничкиот персонал. Извршена е вонредна – седма по ред дезинфекција на градинката Бончејца каде имаме најмногу во моментов позитивни, тоа се две учителки, а во другите градинки состојбата е подобра. Во соработка со Центарот за јавно здравје реализиравме една заедничка акција за дезинфекција на целиот објект со  комплетно чистење на целата градинка. Воедно, се грижиме за навремена набавка на сите хигиенски средства, со редовно со одржување хигиената во објектите, на санитарните јазли, така што на децата да им биде задоволство одржувањето на личната хигиена.

   За Осми март – каранфил за мајките чии што деца посетуваа градинка

За прв пат направивме онлајн приредба за празникот што беше подготвено со професионално студио. Опфатени беа 4 те поголеми градинки, овозможивме сите во Прилеп да видат и овој празник достојно да го одбележиме. Сите деца добија по еден каранфил да ги израдуваат своите мајки кога ќе ги земаат и да им честитаат 8 ми март. Ова се организираше за прв пат. Имавме некаде околу 550 дечиња што ја посетуваат ЈОУГД „Наша иднина“. Родителите секогаш донираат, редно е еднаш и ние да возвратиме колку можеме.

Ве спречи ли здравствена криза за реализација на проекти кои беа планирани за подобрување на условите за работа и реконструкција на објектите?

-Инвестициите и во услови на пандемија не смеат да запрат. Една од најголемите инвестиции ни е поставувањето на нов покрив на градинката Гоце Делчев, што изнесува 6 мил. 416 илјади денари. Од планираното е сработено повеќе од 50% и подмирени се обврските кон изведувачот. Треба да се завршат уште лимарските работи и да се обезбеди објектот да биде енергетски ефикасен. Ќе направам една споредба – минатата година кога немавме соодветни прозорци и кровови, од 100 тони нафта која ја набавувме за сите 6 градинки, сега дојдовме на 60 тона нафта, што заштеда за 2 години. Тоа е позитивно зашто тие средства ќе останат и ќе се пренаменат за децата, за исхрана, дидактика за да им биде престојот подобар.

Една од најубавите инвестиции е онаа во градинката Бончејца – трпезарија, со репариран мурал кој што е 50 години стар, а амбиентот е како ѕвездено небо. Направен е специјален епоксивен под каде се нацртани ѕвезди, бројки, што има и едукативна функција, а воедно, материјалот е прилагоден за лесна дезинфекција и одржување на хигиената. Саниран е кровот на градинката Бончејца, и целиот објект е заштитен со специјални хидроизолациони материјали во соработка со фирмата ХЕП инжинеринг.

Каков е интересот за исполнување на капацитетите, бараат ли родителите децата да се вратат во градинките ?

Интересот е огромен, на последната онлајн средба со ресорната министерка ја известивме дека прилагодуваме простор и отворивме две нови воспитни групи, а на повидок е трета и четврта. Што значи ние ќе го оствариме максимумот од 600 деца. Настојуваме секој слободен простор да го искористиме за обезбедување на услови за децата да се вратат во градинките. Според правилата 12 деца можат да бидат згрижени во јасли, а 15 во другите воспитни групи. Соработуваме со компаниите од каде добиваме голема поддршка. Редно е да се заблагодариме на поддршката од Комфи Ангел од каде редовно добиваме донации, а последната е во играчки кои што денеска ги поделивме на голема радост на децата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп просечно дневно по еден починат од Ковид 19

Елизабета Филипоска

За дa не замрзнат цевките се троши вода како да е лето

Елизабета Филипоска

ДИК усвои 4 приговори за избирачки места во Крушево, Охрид и во Желино за парламентарните избори

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе