7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сиромашни тутунари – сиромашна чаршија, тутунарите апелираат на поддршка за протестот

Организаторите на утрешниот протест на тутунарите, повикаа на поддршка од локалните прилепски дуќанџии, занаетчии, угостители, земјоделци, од пратениците, да присуствуваат на двочасовниот протест и да се запознаат со проблемите со кои тие се соочуваат, со цел да се најде решение на тутунарската агонија .

Од четирите новоформирани здруженија што произлегоа од Иницијативниот одбор на незадоволните тутунари, упатија апел до трговците, угостителите, занаетчиите, земјоделците, да ги поддржат во нивните настојувања за решавање на прашањата со тутунопроизводството.

– Очекуваме од сите поддршка пред се’ од дуќанџиите од Прилеп. Еве видоа тие сами, сиромашни земјоделци – сиромашна чаршија. Значи сами знаат дека штом се земат пари од тутунот, нашите пари се трошат во чаршијата, по бутици, по продавници, во сите сфери. Ги повикуваме сите да не’ поддржат, тие средства што се земаат, таа пара врти во чаршијата. Економијата може да расти ако се трошат парите, но парите треба да се земат, ако не земат нема што да се троши  и се’ замира во општината, па и во државата, рече Игор Мирчески, еден од организаторите на протестите.

Јавен повик и до прилепските дуќанџии ,трговци и угостители упатија и од Здружението „Тутунска надеж“во кој што се вели:

„Присуствувајте на протестот на тутунарите. На 11.03 од 12 до 14часот Плетвар кај Лук Оил .

СИРОМАШНИ ТУТУНАРИ ЗНАЧИ И СИРОМАШНИ МУШТЕРИИ, ОД СИРОМАШНИ МУШТЕРИИ СИРОМАШЕН Е И ПРОМЕТОТ.

Нашата борба е и ваша….“Исто така се повикуваат сите што ќе присуствуваат на протестот да ги почитуваат Ковид мерките: 

   -Задолжително носење на маски.

  – Држење на растојание.

 И да се зачува јавниот ред и мир. 

Задолжително пропуштање на приоритетни возила.

Организаторите на протестот, четирите здруженија Жолто тутунско злато, Тутунарска мака и Тутунари земјоделци, Тутунска надеж, ги повикаа министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, директорот на инспекторатот Зоран Шапуриќ и претседателот на Сојузот на Земјоделски здруженија Менде Стомнароски да ги запознаат  лично со проблемите на тутунарите и да присуствуваат на протестот.

Би можело да ве интересира

Дрвјата кои биле исечени на Булевар биле дотраени

Елизабета Филипоска

До крајот на месецов завршува реконструкцијата на стариот пат до Битола

Гордана Цветаноска

Пораз во Кочани за Победа – пет гола на стадионот Мантов (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе