11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Градот Крушево доби средства за подобар водоснабдителен систем

Општина Крушево добива 9 милиони денари од Министерството за животна средина за конечно надминување проблемите со водоснабдување на градот .

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, на Министерството за животна средина и просторно планирање му беа доделени финансиски средства во вкупна вредност од 165 милиони денари за реализација на проекти од областа на животната средина кои ќе бидат префрлени на повеќе општини. Од вкупните средства –
9.000.000 денари  се наменети за за водоснабдителен систем за општина Крушево – реализација на инфраструктурен проект за изградба на водовод за град Крушево.

„Со овие средства конечно ќе се надминат проблемите со водоснабдување на општина Крушево, и со тоа ќе се обезбеди систем за снабдување со здрава и чиста вода, каков што доликува на еден туристички град. Воедно и услугите кон граѓаните ќе бидат на високо ниво“, вели градоначалникот Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

Утре движење низ Прилеп само со маски

Елизабета Филипоска

Прилеп го одбележа Денот на ослободувањето – 3 ти ноември (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

За Дневните центри за деца со посебни потреби сеуште нема одлука кога ќе почнат со работа

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе