Вљубениците на зимските спортови овој викенд на крушевските скијачки терени ќе можат да уживаат во уникатно задоволство – вечерно скијање. Општината заедно со менаџментот на ски терените „Станич“ ги подготвија терените со нови ЛЕД сијалици. Патеките се расчистени и спремни за скијање и во вечерните часови кое што ќе се одржува за прв пат претстојниов викенд. Вообичаено, жичарницата и ски лифтовите ќе работат во текот на цел ден, а вечерното скијање ќе започне од 17 и ќе трае до 21 часот.
Оваа информација ја потврди и градоначалникот Томе Христоски на социјалните мрежи
„Поставено е ново лед осветлување на скијачките терени ,,Станич”. Овој викенд започнуваме со ноќно скијање по сите здравствени протоколи, заедно со бизнис субјектот одговорен за менаџирање на ски терените. Само со нови и разнолики содржини ќе дојдеме до подобар локален економски развој, преку привлекување на домашни туристи почитувајќи ги протоколите да се прилагодуваме на новото нормално.бЗа прв пат ноќно скијање во Крушево!“, напиша Христоски
Скијачките терени на месноста Станич, се опремени со ски-лифтови: двосед жичница со капацитет 700 лица/час, скилифт сидро 700 лица/час; единечен скилифт капацитет 600 лица/час.