3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна изградбата на новата детска градинка во Точила

Прилеп по 40 години ќе добие нова детска градинка. Во населбата Точила денеска беше поставен камен темелникот за објектот вреден  133 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општина Прилеп. На почетокот на градежните работи присуствуваa претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев и Министерот за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Царинската управа Горан Сугарески, пратеникот Миле Талевски, советници и граѓани. Детската градинка треба да има капацитет за 252 деца, а чини 133 милиони денари. Проектот треба да биде завршен за 7 месеци. Според најавите градинката ќе биде модерен енергетски ефикасен – самоодржлив и прилагоден на современите стандарди за вакви установи.

„Објектот е проектиран да има приземје и кат, функционално поделен на два дела, од кои едниот дел со 10 простории за занимални и 3 за детски јасли, а другиот дел во кој ќе бидат сместени стручниот кадар и администрацијата. Покрај партерното уредување, од особена важност е што покривот е предвиден како зелена покривна тераса со ниска природна вегетација. Зелениот покрив овозможува природна изолација преку целата година и заштеда на енергија. На покривната тераса ќе има сончеви колектори и фотоволтаична постројка за производство на електрична енергија за потребите на самата градинка, а ќе биде инсталирана воздушна топлотна пумпа, со што значително ќе се намалат трошоците за греење и ладење. Објектот ќе има и централно подно греење и ќе ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност. Предвидено е за 7 месеци од денеска Прилеп да има нова детска градинка современа и една од најубавите во нашата држава,“ рече градоначалникот Јованоски.

Изведувач на градежните работи е Стентон градба. Особено важна карактеристика на овој проект е што ги исполнува сите современи стандарди за енергетска ефикасност, со блиску до нула енергетска потрошувачка, со  А+ енергетска класа, рече претседателот на Владата Зоран Заев, потенцирајќи дека за објектот е обезбедено и поврзување со системот за гасификација бидејќи Општина Прилеп е меѓу првите општини што ќе добие локална, секундарна мрежа за гас:

„Ова го нагласувам и заради фактот што децата во оваа градинка ќе ги добијат и првите лекции и ќе бидат на тој начин воспитувани за придобивките на зелените политики преку примерот на нивната градинка. Грижата за децата и инвестирањето во раниот детски развој е приоритет на Владата но и на локалните самоуправи. Во текот на оваа година ќе бидат довршени уште 13 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на проекти за изградба на нови објекти за згрижување на деца“, рече премиерот Заев.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече градењето на нови и проширувањето на другите градинки е еден од приоритетите на Владата и на Министерството за труд и социјална политика, а покрај изградбата и проширување на капацитетите, ќе се инвестира и во зајакнувањето на компетенциите на стручниот кадар.

Со донација од ресорното министерство, во новата градинка ќе се постави современа комплетно опремена централна кујна која ќе ги опслужува сите прилепски детски градинки со дневните оброци.

Би можело да ве интересира

Отворена изложбата со над 500 маски изработени од учениците

Гордана Цветаноска

Обработени 100% од гласовите: Стево Пендаровски е новиот претседател

Гордана Цветаноска

СОУ „Ѓорче Петров“ дел од Еразмус плус проектот „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе