7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Јазикот не е предмет, туку духовност“ – 113 години од раѓањето на Круме Кепески

На денешен ден во 1909 во Прилеп роден е Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар.

Круме Кепески е автор на првата Македонска граматика објавена во 1946 година.

Тој е и коавтор на првата Ромска граматика објавена во 1980 година заедно со Шаип Јусуф, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.

Круме Кепески е дел од меѓувоената (меѓу двете светски војни) генерација на македонски интелектуалци кои се впуштиле активно во остварувањето на вековните стремежи на македонскиот народ за остварување на сопствена слободна и независна македонска држава.

Негова најголема заслуга е подигањето на свесноста и грижата на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Кепески и припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созреваше во годините непосредно пред Втората светска војна и која што се вклучи многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици.

Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик.

,, На Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја. Јазикот не е предмет, туку духовност. “ – Круме Кепески.

Би можело да ве интересира

Вуцас: Од стратешки интерес за Австрија е старт на пристапните преговори на Македонија кон ЕУ

Гордана Цветаноска

Витаминка донира 3,5 милиони денари за помош во клучните сектори

Гордана Цветаноска

Kрстот во Прилеп во рацете на Александар Вељaноски !

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе