5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

За заштита на своите граѓани, Прилеп донесе и локални мерки за превенција од COVID-19

Одговорно, крајно дисциплинирано и совесно, поради ситуацијата со коронавирусот во која се најде земјата и светотот,  Општина Прилеп на денешната седница на Советот на Општина Прилеп,  и покрај обемниот дневен ред, на прво место го постави здравјето на прилепчани, па сите советници , едногласно ја прифатија предлог- одлуката на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, која содржеше препораки и локални мерки за заштита од ширењето на коронависрусот.

Покрај прифаќање и почитување на мерките од Министерството за здравство, локалните мерки по основ на превенција кои ги изнесе градоначалникот содржат:

1.Времено се затвораат приемното одделение и одделението за администрирање на даноци при ЕЛС Општина Прилеп, за прием и услуги на странки. Своите потреби, информации и прашања граѓаните ќе можат да ги реализираат на следните начини:

– Со јавување директно во приемното одделение +389/48-401720 и одделението за администратирање на даноци +389/048-540-001, +389/048-540-002 и +389/048-540-003, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 часот;

– Преку праќање на е-маил на следната електронска пошта: [email protected]

– Преку официјалната веб страна на ЕЛС Општина Прилеп – www.prilep.gov.mk

2. Ќе се изврши дезинфекција на автобусите од јавниот градски превоз. Во зависност од потребата, дезинфекцијата да се врши повеќекратно во текот на денот

Препораките дополнително содражат:

3. Да се редуцира јавниот градски превоз и да се користи само во итни и неодложни случаи

4. Да се изврши дезинфекција на градинките, основните и средните училишта, како и дневните центри согласно препораките од Министерство за здравство и Министерство за образование и наука. 

5.Градот Прилеп забранува организирање на локални настани, јавни собири, културни манифестации, промоции, панаѓури, саеми, спортски настани и слично на локално ниво,  се’ до моментот на изрекување на нови мерки и препораки од страна на Министерство за здравство.

6 А,  наместо лично по пошта,  да се испрајќаат барањата за  ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИНВЕРТОР КЛИМА УРЕД” / „ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ”. 

 

Воедно градоначалникот упати апел до граѓаните, да го намалат движењето во институциите, освен за итни и неодложни работи. Движењето надвор од
своите домови да го сведат на минимум,  единствено за неодложни и итни потреби. Особено да се избегнува посета на угостителски објекти, паркови, отворени и затворени простори со капацитет за собирање на поголема група на луѓе. Информациите поврзани со новонастанатата ситуација со COVID-19 (корона вирус) да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што лажни информации креираат паника меѓу населението.
Прилепчани кои  биле надвор од државата и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, градот препорачува да се јават  во  Центар за јавно здравје – Прилеп: на тел:  +389 76 475 747 или во Повикувачки центар „Ало   докторе“: на тел : 02-15-123

Седницата на Советот на Општина Прилеп подолжи ,но забрзано , иако имаше над 40 точки на денвен ред , поврзани со буџетот и финсиското работење  на Општината, ЈКП,  училиштата, и други установи кои се под „капата“ на Општината, како и точки поврзани со урбаистичката планска документација за бесправно изградени објекти и  урабното уредување.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Законот за нефер трговски практики пред прилепските стопанственици

Пела Редакција

Почина последниот АСНОМ- ец,прилепчанецот Перо Ивановски – Тиквар

Елизабета Филипоска

Наумоски, капитенот на Победа замина за Пелистер

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе