-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Интересна изложба „Рани“ за опшествената македонска реалност во ЦК Марко Цепенков

Во ЦК „Марко Цепенков“ утре 16.04.2021 (петок) од 12.00 ч. ќе биде поставена изложбата „Рани“ од прилепчанката, Христина Мазнеска. Изложбата е од мултимедијален карактер, а на неа ќе бидат прикажани видео проекција и ликовна инсталација.

Инаку, Христина Мазнеска, е родена 1995 г. во Прилеп. Средно уметничко образование завршува во ДСУЛУД “Лазар Личеноски” во Скопје во 2014 г., на отсекот за сликарство, и дипломира на ФЛУ Скопје, на модулот графичкидизајн. Во 2018 г. остварува два студиски престои, еден на Академија за ликовни уметности во Загреб, Хрватска, и на Универзитетот за ликовниу метности во Будимпешта, Унгарија. Зела учество на повеќе изложби, креативни работилници, ликовни колонии и фестивали за применета уметност во земјава и во странство. Добитник е на неколку награди и признанија. Се занимава и со дигитална уметност, илустрација и дизајн.

Би можело да ве интересира

Прилепските актери добитници на уште една вредна награда

Гордана Цветаноска

Концерт на женскиот хор „Керамија“

Пела Редакција

Во пресрет на празникот 11 ти Октомври ќе биде отворена изложба во библиотека

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе