16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

Од 17 до 23 јули 2023 г., по 15 пат во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2023„ на која ќе учествуваат 19 уметници од земјава и од странство.

   -И годинава уметниците ќе работат на слободна тема, во повеќе дисциплини – скулптура, инсталација, сликарство, користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали за уметниците кои ќе изработуваат инсталација, како и акрил на платно. Очекуваме годинава да се создадат 40 – тина нови уметнички дела, кои ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот.  Колонијата започна како сликарска, а од 2021 меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков“-Дрен почнува со работа во скулпторски медиуми (метал, дрво, мермер…) со што  се додава дополнителен квалитет на колонијата и се става акцент на работата во различни медиуми. Создадените дела на годинашната колонија ќе бидат презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија- вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Дуалното стручно образование продолжува во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп, но учениците иднината ја гледаат во странство

ЈКП Комуналец: Март го посветуваме на зелен и чист Прилеп

Над 300 пријави за социјална пензија во Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе