19.1 C
Прилеп
четврток, 8 мај, 2025
Пела Радио

Од Крушево порачуваат „За Велигден јавното здравје на прво место„!

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и свештени лица од Крушево повикаа на одговорно празнување на големиот Христијански празник Велигден и да се почитуваат мерките и препораките и насоките дадени од состанокот на високо ниво на централната власт. За во црковните храмови општината подели и заштитни маски, а градоначалникот ги повика и преставниците од Исламската верска заедница да подигнат заштитна опрема за престјните празници.

„Повикуваме на одговорно празнување и на овие свети денови за Христијаните на прво место да ни’ биде јавното здравје. Доделуваме и количини на маски за црквите во Крушево, а ги повикуваме и претставниците на Исламската верска заедница од општина Крушево да подигнат заштитна опрема“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

ОТКРИЕН СПОМЕНИК НА ТОШЕ ВО НОВА ГРАДИШКА

Елизабета Филипоска

Ќе нема ел.енергија во с.Канатларци

Елизабета Филипоска

Тутунарите: Не не’ оттргнувајте од нивите за да не’ носите на патиштата!!!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе