При посетата на Центарот за јавно здравје Прилеп, при пуштањето на молекуларната лабoраторија градоначалникот најави дека ќ се врши колктивна имунизација во Прилеп, па прилепчани не ќе мораат да патуваат во Битола. За таа намена се подготвува спортската сала во СОУ “Ѓорче Петров„
– Центарот ќе биде во Спортската сала во Медицинското училиште. Јас како лекар разговарам со многу луѓе и чувството што го имаме е дека прилепчани сакаат да се вакцинираат. Упатувам и сега апел до сите граѓани да се вакцинираат, со било која вакцина. Час поскоро да се вакцинираме ,бидејќи тоа е успехот над победата на КОВИД 19. Што се одденсува до вакцините ве уверувам дека дите вакцини се подеднакво добри и тоа е првиот предуслов да имаме побрзо надминување на оваа пандемија -рече тој
За граѓаните кои што имаат термин за имунизација во другите градови, со пуштањето на центарот за имунизација во Прилеп, ќе бидат благовремено информирани да не патуваат во соседните градови за извршување на имунизацијата, потенцира градоналаникот на Прилеп,на новинарско пашање.