-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

(видео) На добар пат формирање на државна Спасителна служба во Македонија – подготовки на „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ во присуство на Ангелов

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, имаше практична обука од Спасителната служба Златоврв Прилеп под водство на Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошка Федерација на Македонија, пред престојната вежба за спасување н алица од непристапни локации, која треба да се одржи в недела на 9 мај.  Репортерската белешка напавена непосредно потврдува дека Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активно учествуваше во подготовските за СПАСИТЕЛНА ВЕЖБА МРЕЖИЧКО 21 кај селото Мрежичко, Кавадаречко, а е планирано и активно непосредно да учествува во дел од вежбата в ндела.

Инаку, внедела на 9 мај ќе се одрижи „Спасителна вежба „Мрежичко 2021“ – спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам во организација на Спасителна служба Златоврв Прилеп и Спелеолошка Федерација на Македонија . Вежбата ќе се изведува во присуство на   директорите на ЦУК и на ДЗС, градоначалникот на Општина Кавадарци и градоначалникот на Општина Прилеп. Целта е увежбување за подготвеност за спасување  односно извлекување лица од  објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни ,но и потврдување за важноста и значењето на формиање на Спасителна служба која би работела „под капата„ на државните институции.

Би можело да ве интересира

„Секој заслужува втора шанса“ промотивно видео во продукција на Радио Пела за проектот “Пост – пенална програма за реинтеграција, рехабилитација и ресоцијализација на осудувани лица”

Гордана Цветаноска

Започнува скринингот на вработените во градинките

Гордана Цветаноска

Возачи внимателно!Надојдена e поголема количина вода со опасност за излевање на патот Кавадарци – Прилеп кај тунелите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе