29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Малолетник тешко повреден, возачот на автомобилот побегнал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 18.45 часот на бул.„Гоце Делчев“ кога неидентификуван возач со патничко возило удрил во велосипед управуван од малолетник од Прилеп и избегал.

Малолетникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градска болница Прилеп.

„Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Велосипедист повредил дете пешак и побегнал

Обид за ограбувње на сувернарницата на плоштадот „Методија Андонов Ченто“

Искршени табли со натпис на две институции, одземено оружје…

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе