Со партиско соопштени до медиумите Левица – Прилеп обвинува дека „за десетина години, Општина Прилеп е „легално ограбена“ скоро 12 МИЛИОНИ евра со тендери дадени на само неколку „блиски“ приватници за патна инфраструктура, или во просек по милион евра годишно, од двете предходни власти.„ се вели во партиското соопштени и се надополнува:
„Само за порамнување на шахти се потрошени околу 100 ИЛЈАДИ евра. Иронично е што рамните шахти во градот се „бројат на прсти“. Иако општината располага со јавно претпријатие кое има капацитет да ја врши оваа дејност, околу 630 ИЛЈАДИ евра завршија во рацете на приватни фирми за хоризонтална и вертикална сигнализација, односно, сообраќајни знаци и обележување на улици, пешачки премини и слично, кои избледуваат за неполн месец.
За зимско одржување, односно чистење на улиците од снег е потрошена апсурдна сума од над 2 МИЛИОНИ евра, пари на граѓаните на град Прилеп, иако општината би го решила овој проблем со ангажирање на јавните претпријатија со кои располага.Набавка и монтажа на табли за обележување на имиња на улици и куќни броеви се потрошени околу 25 ИЛЈАДИ евра, а локацијата и бројот на таблите остана мистериозна за прилепчани, земајќи ја предвид сумата на наплатената услуга, би требало да е обележана секоја улица и секој број во градот. Сѐ на сѐ, со оглед на катастрофалните улици низ Прилеп, на што ние, самите граѓани, сме сведоци секој ден, факт е дека средствата буквално се „подарени“ во нечиј џеб. Станува збор за околу 12 МИЛИОНИ евра, наши пари, пари од народот, кој веќе е навикнат на денешниот изглед на улиците возејќи ”цик-цак” поради пукнатини, дупки, кратери. Жалосно е што изгубивме ориентација колку вредат и што може да се направи за 12 милиони евра, благодарение на секојдневното вербално повторување на колосални бројки од страна на властите. Реактивирањето на „заспаните“ јавни претпријатија, чија улога е да се грижат за општото добро и имиџот на градот, како и ставање крај на легалните грабежи наречени „тендери“ е еден од приоритетите на Левица како партија. Општината во никој случај не може да се нарече „сиромашна”, земајќи во предвид шизофреното трошење на мегаломански суми на пари за тендери и јавни набавки, кои ако би дале видлив резултат, Прилеп како град би требало да биде пример од кој би учеле другите.“-се вели во партиското соопштение на Левица-Прилеп, упатено до јавноста преку медиумите