1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Урнат оградниот ѕид на ООУ Климент Охридски – се гради нов! Урбанистичкиот хаос во кој е втурнат Прилеп мора да запре!

-Очигледно е дека законот не е ист за сите, па така иако граѓаните со месеци чекаат одобренија за градење, не можат да ги реновираат и надградат сопствените домови, стопанствениците не можат да ги зголемат капацитетите на своите бизниси.- потенцира денес на прес конференција Влатко Петкоски, од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп,стоејќи пред ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

„Дали во Прилеп, градоначалникот можеби замижува пред грубото прекршување на законите и незаконско градење од страна на локалните институции во Општина Прилеп? Зошто во ОУ „Климент Охридски“е срушен здрав ограден ѕид околу училишната зграда, и зошто бесправно и спротивно на Законот за градење е започната изградбата? Дали изведбата на овој проект е навистина неопходна во време кога голем број дечиња сеуште немаат техничка опрема и услови за следење на оn-line настава? Дали зад проектот стои можеби нечиј личен интерес?

Јавно го прашуваме директорот на ООУ Климент Охридски: -Дали и кога ООУ Климент Охридски има добиено Решение за изградба на ограден ѕид? Дали е изработен основен проект за изградба на ограден ѕид? Дали е избран надзор? Како е воведен во работа изведувачот на градежните активности и кога?

Дали Градоначалникот Илија Јованоски ќе и објасни на јавноста зошто дозволува законот да биде грубо прекршуван од лицата кои тој ги има назначено како носители на функции и директори на образовни институции? Го повикуваме градежниот инспекторат на Општината да изврши увид на градежните работи и во најбрз рок да ги утврди сите законски недоследности и пропусти. Веќе 4 години во Општина Прилеп владее урбанистички хаос. Почитувани, Општината не изгради ни еден капитален и корисен инфраструктуран проект за граѓаните, освен милионски мост и новоизграден и крпен булевар од кој граѓаните немаат реален бенефит. Зошто е дозволено урбанистичко дивеење низ градот и тоа од страна на локални институции? Урбанистичкиот хаос во кој е втурнат Прилеп мора да запре! Одговорност за оној кој се огрешил пред законот мора да има и ќе има!

https://www.facebook.com/okprilep/videos/478976923413497

Би можело да ве интересира

Пачешкоски: Наместо градежна офанзива во Прилеп се случува урбанистички хаос!

Како да се креираат позитивни модели на културни искуства преку нови медиуми?

Пела Редакција

Од кои партии и кои 20 пратеници ќе ги застапуваат граѓаните од ИЕ 4?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе