-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Фабриките за медицински канабис од Прилеп и Битола останаа без дозволи

Владата ги укина решенијата за одобрување за одгледување на канабис за медицински цели на двете фирми –  Пхарма ЕУ ЛЛЦ, едната во Прилеп и другата во Битола, вчера на владина седница.

Иако во соопштението не се откриваат детали за одземањето на лиценците, ова се случува еден месец по полициската акција во која беa запленети 200 килограми марихуана, во вредност од над 800.000 евра, а беа уапсени шестмина меѓу кои и командирот на полициската станица во Прилеп. Се тврдеше дека сите се вклучени во нелегални дејства и соработка со фирми за произиводство на медицински канабис од Прилеп и Битола. Првичните претпоставки беа дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.

Би можело да ве интересира

Масовна тепачка меѓу млади, опожарен мотоцикл, физички напад…

Викендов во Пелагонија 21 лице возело без возачка дозвола, 20 под дејство на алкохол

Елизабета Филипоска

Џудо тренерот осуден на 20 години затворска казна за обљуба на малолетни девојчиња

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе