5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Промоција на локалните бизниси во странство преку МНР

Со проект на МНР ќе се промовираат извозно орентираните компании. На средбата со економските советници на МНР, прилепските стопанственици и Регионалната стопанска комора -Прилеп, стана збор за можностите и капацитети кои ги имаат прилепските фирми за вклучување во овај проект.

Посета и запознавање со производните капацитети на Комфи Ангел

„70% од поголемите прилепските компании се извозно орентирани: Комфи Ангел, Витаминка, Кули, Прилепска Пиварница, Мермерен Комбинат и сите фирми кои произведуваат мермер, Тутунски комбинат …и тоа се квалитетини фирми и можат да одговорат на барањето што го нуди проект на МНР за промоција на македонските производи надвор од Македонија. Треба само да се разменат инфомрциите на компаниите кои ни се предмет на интерес. Морам да нагласам дека извозно ориентираните прилепски  компании за време на пандемијата не испуштиија работници и не го намалија извозот, дури некои се обида и да го зголемат животниот стандард на работниците. Клучно за ова, особено кај компаниите од текстилната индустрија е тоа што за за време пандемијата се преструктуираа, а сега се враќаа се на „старото“ производство. Како и да е, импактото од оваа промоција ќе треба да ја согледаме идната година“- рече претседателот на Региононалната Стопанска комора -Прилеп, Ирена Јакимовска  

Поста на Витаминка

При посетата на прилеп беа посетени и дел од компаниите кои се извозноорентирани, а вакви средби за запознавање со локалните извозно ориентирани компании МНР треба да одржи и во 15 други градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Витаминка на рускиот саем „МИР ПИТАНИЕ 2018“

Гордана Цветаноска

Привршуваат градежните работи на клучката за ТИРЗ Прилеп

Гордана Цветаноска

Тутунски Комбинат доби дивиденда од 2,4 милиони евра од заедничката компанија со Филип Морис

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе