5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

„Маѓепсаниот круг“ на детските бракови

Селма има 24 години. Го раскажува своето искуство за постапката и одлуката да стапи во брак кога била малолетна. Сведоштвото – вели таа, сака да послужи како пример дека детски бракови претставуваат ризик за децата и предизвикува можна појава на трговија со луѓе. Таа денес жали што влегла премлада во брак, што немала детство како останатите деца, да се радува на игрите, смеата, безгрижноста, да учи и да се школува, бидјеќи морала да се омажи на 15 години. Живеејќи во сиромашно, повеќедетно семејство таа се присетува како нејзините родители тешко доаѓале до храна и биле принудени да го намалат бројот на членови во семејството и да ја омажат. Вели дека истото се случило и со нејзините сестри кои биле омажени во странски земји.

„Се омажив на 15 години, ни писмена, ни школована, врска немав што тоа значи. Ништо не знаев за брак. Дојдоа стројници, и јас се мажам. А, не знаев во што е работата, каков е бракот, понатаму како ќе течи времето, немав појма (немав врска) што ме очекува. Бевме прости, немавме ни школо, шест деца бевме кај мајка ми, одевме само на лозјето, тоа го паметам, и само тоа го памтам од моето детството што ми поминало без да знаам, друго ништо не паметам,-раскажува таа.

Судбината на Есма е иста. Ништо поразлична. Нејзиниот брак започнал само малку порано, од 13-ет години.

-13 години бев, не знаев што се случува, на 15 години го имав големото дете, на 16 второто, па третото. Дете од 13 години нешто значи (знае) ?! Ќе разбери? Не! Значи родителите мене не ме запишале на школо- вели триесет годишната Есма, која денеска жали што не завршила училиште и што дозволила родителите да ја омажат на само 13 години.

Есмералда денеска има 22 години и се сеќава како таа дошла во брак.

– Наполнав 15 години татко ми ми купи прстен и се омажив. Учев до трето одделение. – вели Есмералда, тврдејќи дека во нивната ромска населба има родители кои си ги (про)даваат децата поради сиромаштија, односно како што вели таа, бидејќи немаат пари да направат свадба, па семејството на зетот дава пари како помош на семејството од невеста за да се направи свадба. „ Има деца, каде мајки, татко, си ги продаваат за пари. Мислам од наши, од Ромите има. Идат стројници и сега тие се договориле на пример сега мојата мајка да прави свадба или да си ја даде ќерката пример, како што треба, ќе дадат сватовите, ако не многу 2 илјади евра ќе стават на маса, фактички родителот ја продава за пари,“ -вели таа.

Ајша има само 17 години, а веќе е три години во брак. Низ солзи со големи емотивни чувства ја раскажува својата приказна за сиромаштијата, за одлуката да стапи во брак без своја волја, за нејзината огромна желба да заврши училиште и да биде медицинско лице. Но, судбиината – вели таа , тоа не и го дозволила.

Јас се омажив на 14 години. На училиште одев, сакав да го изучам училиштето, ама не можев. Живеевме сиромашно. Ние сме 5 деца имавме 2 соби, во еден двор 3 фамилии живеевме. Не сакав да се мажам мала,..- низ солзи вели таа и се сеќава дека само ја оставиле во куќата на идниот нејзин сопруг… – Само ме оставија и ништо не рекоа друго. Јас си ги сакам родителите, ама кога ќе немаш  финансии не можеш да живееш, не можеш да живееш, не...(плач и солзи во нејзините очи).  Сите деца беа задоволни, јас не! Сите јадеа, јас не! Можи мајка ми се трудеше да ми дај, ама немаше. Некои си се мажеа од сама волја, некој си се мажеа од посебни потреби, еве, вака, како мене, нема… Некои имаат добри родители, некои имаат не добри родители. Кај нас нормално ако ме дадат така без волја, мора да се плати. За пари не знам, не можеш да ги прашаш колку пари, што пари ја купуваш, не можеш да ги прашаш. Си прават свадбата, му даваат на родителот пари, нормално и си ја земаат. За во Италија, за во Германија, ама после ќе ја донесат или не, или ќе и’ биди или нема да и’ биди убаво – тоа чувствотво е заборавено! Моето дете кога ќе порасне сакам да не оди по лоши патишта, сакам да биди добрат човек , да учи…-додава Ајша.

Истражувањето е дел од проектот “MEDIA REPORTING ON TRAFFICKING IN HUMAN BEINGS IN NORTH MACEDONIA” и има за цел подигнување на свеста на ранливите заедници – Ромите за опасноста поврзана со трговијата со луѓе, со фокус на трговија со луѓе за детските бракови како скриена појава на трговија со деца. Исказите и сведоштвата служат како пример за детектирање и пренесување на јавноста за реалната слика за детските бракови во една од најранливите заедници – Ромите. Имињата на соговорниците се измислени со цел заштита на приватноста и личнот идентите на жртвите.

Оваа статија/сторија е изработена со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. На ниеден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истата го одразуваат мислењето на Европската Унија или на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Детски вело-приказни за подобра и поздрава иднина

Елизабета Филипоска

„Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг“ Радио Пела во Северна Македонија ќе емитува радио драма за подигнување на јавната свест за спречување на трговија со луѓе

Одбележан Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе