4 C
Прилеп
понеделник, 17 февруари, 2025
Пела Радио

Функционален Регионален центар за млади во Прилеп

Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, продолжува со успешна реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфични групи за промовирање на партиципативна демократија на ниво на заедница II фаза“ кој е поддржан од од ifa/Zivik Федерална Канцеларија за Надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Во рамките на овој проект ЦГИ го промовираше функционирањето на Регионалниот центар за млади. Овој центар има за цел да ја координира работата на 10 младински групи формирани во 10 средни училишта низ државата. Пред се активностите на центарот ќе бидат насочени за младите од пелагонискиот регион. Тој ќе претставува место каде младите ќе можат да ги споделат своите идеи и да развиваат иницијативи.
Овој центар за млади, пред се е за младите од вклучените училишта, за всушност младите да имаат простор да се сретнат и да дискутираат за своите проблеми и да развиваат младински политики. Всушност овој центар ќе претставува и креативен простор каде во согласност со нивните потреби, ќе се организираат различни активности како: уметнички активности, дебати, дискусии, музички активности, дускусии и активности за животна средина итн. Овој центар е сместен во просториите на Центар за граѓанска иницијатива во Прилеп на ул. Димо Наредникот бб (зграда Ерик) .

Би можело да ве интересира

Еко-свест: Гасниот интерконектор со Грција-наместо обновливи извори ќе донесе нов фосилен господар!

Пела Редакција

Како ЦГИ го прилагоди своето делување во услови на пандемија

Гордана Цветаноска

“Од векови за векови”- хуманитарен концерт на Драган и Ратко Даутоски и Андријана Јаневска во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе