Благојче Дамевски “се раздели ” од копачките и од следната сезона нема активно да учествува во својот матичен клуб Победа во настапите од втората македонската фудбалска лига исток. Дамевски во својата кариера одигра доволно натпревари за Победа , 11 Октомври , Напредок па дури и повеќе годишно искуство во Финска каде настапуваше во клуб од втората лига , па со своето искуство сигурно ќе биде добредојден во редовите на прилепчани, можеби како дел од стручниот штаб , што тој и потајно го посакува.Благојче ни гостуваше во нашата програма во живо и како што вели ќе направи се да и помогне на Победа ако нормално биде повикан од раководството на победашите.

Победа од вчера ги стартуваше подготовките за престојната сезона а за почеток ангажираше тројца фудбалери а се очекува и клубот да одигра серија на пријателски натпревари.10-ти Јули – Победа – Детонит , 17-ти Јули Победа – Братство , 1-ви Август – Победа Вардар , 7-ми Август – Победа – Охрид.

За време на гостувањето , колегата Игески анализираше со Дамевски околу европскиот фудбалски шампионат и неговата завршница.Прилепскиот фудбалер не ги криеше симпатиите кон финската селекција а потајно се надева дека ќе има уште некое изненадување до крајот на ЕУРО 2020. За фудбалот , за кариерата и актуелниот европски фудбалски собир во велосниот разговор подолу во видеото.