16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Крушево добива модерна сала за кино, театар и посебна сала на Советот

Наредната недела во Крушево ќе се одржи завршната форумска сесија за промоција на проектот „Опремување на мултифинкционална сала“. Настанот ќе се одржи  на  6-ти јули, во 13 часот, во горната училишна зграда во Крушево на која се се поканети сите граѓани на општината.

Претседателот на советот на општина Крушево Тома Петроски и претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации извршија увид во завршните работи од проектот „Опремување на мултифункционална сала“.

– Со 62 илјади швајцарски франци се спроведе овој проект кој вклучува оспособување и опремување на простор за кино и театар, а за многу скоро ќе се оспособи и посебна сала за советот. Во рамки на истиот проект ја унапредуваме и работата на Советот преку инсталирање на опрема за пренесување во живо на седниците на совет “, изјави Петроски.

Опремувањето на мултифункционална сала е дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Би можело да ве интересира

Промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска-осмо издание „Процеп во процес“

Чествување-140 г. од загинувањето на легендарниот војвода Ѓорѓија Лажот

Пела Редакција

Пожар пеплоса 4 мотоцикли пред магацин во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе