9.4 C
Прилеп
недела, 4 мај, 2025
Пела Радио

Изложба на Зафировска, со дела поттикнати од пандемијата

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ на 16 јули в петок, од 13.00 часот ќе биде отворена изложбата “19„ од Христина Зафировска, што е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за 2021.

Академската сликарка Христина Зафировска, преку својот циклус од 19 дела на тема „Ковид“, на апстрактен и сликовит начин ни го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата.  Целиот серијал од 19 епизоди кои се тесно поврзани меѓу себе го интерпретира биолошкиот кружен строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување.             Креативните дела од овој циклус се изработени во акрилна техника – мал формат, симболизирајќи ја микроскопската големина на вирусот, кои се надополнети со мали парчиња кои се пробиваат низ површината.

Би можело да ве интересира

Прилепчанецот Ацески награден за најдобра фотографија

Пела Редакција

Романот „Симфонија„ од Билјана Тинтоска за тагата, смислата на животот и љубовта не ги остави рамнодушни присутните

Елизабета Филипоска

Заедно ја одбележаа Неделата на детето: ДНУ – Прилеп, поетите и децата од детските градинки

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе