7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дебито на Крчмаревиќ и донесе 3 бода на Победа

На стадионот Младост во Струмица, Победа како домаќин ја забележа првата победа со 2:0 од пролетниот дел на првенството во Првата македонска фудбалска лига. Значајна победа на екипата на новиот стратег Слободан Крчмаревиќ, кога се има во предвид дека прилепчани со нетрпение го очекуваа залетот со новиот тим пролетва. Со тоа екипата на Работнички го забележа вториот пораз во низа.

До триумфот Победа стигна и покрај тоа што остана со играч помалку веќе по дваесетина минути игра, по исклучувањето на Гешоски. До трите важни бода домаќинот стигна во завршницата од натпреварот со головите на Љога и Најдовски во 82. и 94. минута, откако претходно и Работнички остана со десетмина играчи. На табелата по денешното 24 коло Победа е осма со 25 бода пред Пелистер и Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп домаќин на ракометниот Ф4 за кадетки

Елизабета Филипоска

Прилепските боксери градат историја

Гордана Цветаноска

Дуелот Прилеп – Пролет заврши со реми

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе