-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Се собраа уметниците – почнуваат да творат на ликовната колонија Дрен

Вечерва беше отворена ликовна колонија Дрен 2021 , на која беа присутни дел од уметниците, кои оваа година ќе творат. На отворањето присустуваше и првиот човек на градот, градоначалникот, Илија Јованоски, кој ги поздрави и им посака плодна работа овие седум дена. Тој ја изрази огромната благодарност што одлучиле да се вклучат во една од најеминентните ликовни колонии во земјава, во која има создадено преку 400 уметнички дела.

Поради пандемијата и рестриктивните мерки годинава уметниците ќе творат во дворот на ЦК „Марко Цепенков„ и во „Ателјето 5„ кое им е на располагање и во склоп на ЦК „Марко Цепенков„, „но, тоа нема да го намали квалитетот на колонијата, а уметниците ќе имаат непречен простор за творење„, истакна новиот директор на ЦК „Марко Цепенков„ Јасмина Мицковска – Станкоска , нагласувајќи дека на крајот сите уметнички дела од создадени во оваа колнија ќе бидат презентирани и прикажани пред публиката преку органзирана изложба.

Инаку, ликовната колонијата Дрен се организра по 13 пат. Уметниците ќе ги изработуваат своите дела до 25 -ти јули во просторот на ЦК „Марко Цепенков“ . Годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Оваа година ќе творат 10 уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ  и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова, Буба Солак,  Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков и Тони Чатлески, а во метал ќе работат скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Интернационалниот скулпторски симпозиум „Мермер“ на ЦСЛУ одбележува 55 години

Гордана Цветаноска

„Копнежот на светлината“ изложба на слики од Душан Коцев

Елизабета Филипоска

110 години од раѓањето на Кераца Висулчева

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе