11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Во подготовка нова претстава на прилепскиот театар

Започнаа пробите за новиот проект „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски во театарот „Војдан Чернодрински“ , кој што е  трет проект на театарот годинава поддржан од Министерството за култура. По својата структура и теми претставата ќе биде особено актуелна  од денешен контекст: за време на голема чума група млади луѓе се засолнуваат во една куќа и секој ден се определува кој од нив ќе кажува како да го поминат времето. Претставата образботува различни теми и ќе е длабоко хуманистичка, а ќе пренесува големи пораки кои величаат се што е човечко.

Во преставата ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот, а традиционални соработници на режисерот Мартин Кочовски се  сценографите Јулијана Војкова Најман (и костимографија) и Филип Јовановски, и Пеце Трајковски (музика).

Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот  писател Џовани Бокачо. Тоа е средновековно алегорично дело најпознато по „љубовните приказни“.

Инаку, театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Глембаеви“, во режија на Бранко Брезовец, на први декември ќе гостува на фестивалот Млад отворен театар (МОТ) во Скопје.

Би можело да ве интересира

„Дупло дно„ се најде на театарската прилепска сцена – премиерата е викендов

Елизабета Филипоска

Минијаторни куќи за (Не)заборав на Емил Димоски

Гордана Цветаноска

Претставата „Бура“ вечерва на репертоар на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе