7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ СЕ БОРИ ЗА МЕДАЛ ВО ТОКИО

Теквондистот Дејан Георгиевски може да не биде единствениот Македонец со освоен медал на Олимпијадата во Токио, бидејќи нашиот сонародник Влатко Андоновски е блиску до медал. Тој како селектор на Женската фудбалска репрезентација на САД се пласира во полуфиналето, откако предмалку на пенали (регуларно 2:2) успеа да ја елиминира Холандија.

Во полуфиналето ривал е Канада, а во второто полуфинале се среќаваат Шведска и Австралија. Четириесетичетиригодишниот скопјанец пред две години ја презеде улогата селектор на репрезентација на САД , која е актуелен светски шампион.

А,пак, од најдобрите македонски спортисти-Олимпијци следни во Токио се натпреваруваат: Јован Стојоски во атлетика, 400 метри на 01.08.2021 во 03:45. Нашата каратиска, прилепчанката, Пулексенија Јованоска ,пак, во Карате ката насташува на 05.08.2021 во 03:00 ч. и последен Олимпијец е Магомедгаџи Нуров во борење 97кг на 06.08.2021 г.

Би можело да ве интересира

Овезоски: Учеството на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020 е од голема важност за Македонија (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Супер издание на прилепските боксери во првото коло од првата и младинската бокс лига на Македонија (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе